• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
петок, 19 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result




Home Вести

Отворена изложбата 50 години ликовно творештво на Александар В. Настески-тетовци патуваа низ времето со полувековниот ликовен опус на авторот

21/10/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Изложбата 50 години ликовно творештво на тетовскиот сликар Александар В. Настески беше свечено отворена вчера во просториите на Уметничката Галерија (Амам) во Тетово.  Изложени се 40-тина дела од полувековниот опус на авторот.

-Имам голема чест да ја отворам оваа изложба на Александар Настески кој е меѓу првите сликари кои почнале да работат во ателјето во Центарот за култура каде се создадени неколку стотици дела со кои сите се гордееме. Центарот ќе биде отворен за соработка со Настески и понатаму, истакна Арлинд Хусеини, директор на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“.

-Токму во оваа галерија ја имал првата изложба во 1971 година, по што со средствата од продадените слики успеав да одам во центарот на уметноста Париз, а учењето продолжи во Белград. Потоа се редеа изложбите и годините и така стигнав до овој јубилеј. Важно ми беше да сликам и да ги исполнам годините со творештво, истакна на отворањето Александар В. Настески.

Посетителите имаа можност за своевидно патување низ времето и да се запознаат со опусот на уметникот создаван во изминатиот половина век погледнувајќи ги делата кои авторот ги поделил во четири циклуси.  Така можеше да се погледе Тетовска свадба , масло на платно од 1979 година, Легендата за Тетово од 1998 година, Два бреста и другите мотиви од 2001 и 2002 и многу други.

Во првиот ја истакнува приврзаноста кон Тетово, а во вториот продолжува минијатурни формати на слики со митологија, историја и еротика.  Следува циклус со слики кои ги создава и со примеса на културолошки и психолошки аспекти, а последниот е поврзан со античките митови за постанокот на светот како и со античкото македонско сликарство

Еден од четирите циклуси авторот го има посветено на дела за кои бил инспириран од карпестата уметност која ја наоѓал низ Тетовско, за која посочи дека постои дури од праисторијата.  Една од изложените слики е насловена „Маркоа карпа“, како истоимената карпа која уметникот ја забележал во близина на тетовското село Сетоле на Шар Планина.

-Со карпестата уметност започнав да се занимавам пред 20 години.  Седум години посветив на осознавањето и студирање на историја на уметност така се заинтересирав за историјата,за културата, митовите, приказните за легенди и наоѓав инспирација. Тие праисториски уметнички дела во карпи се најоригалните наративни ликовни композици кои го пренесуваат животот во тоа време. На Маркоа карпа се забележуваат многу симболи. Проучував обичаи за нашиот народ, како ги правеле ритуалите и нашите предисториски предци мислеле и обележале како ги заштитувале новороденчињата. Симболиката на карпата е издлабена место каде имало волчја кожа каде се ставале децата со симболика дека на волчја кожа – за да бидат јаки и отпорни како волци. Ѕвездата е симбол дека секој човек има своја ѕвезда, изјави Александар В. Настески.

Изложените дела ќе може да се погледнат до сабота.

ас

Поврзани објави

Вести

Илија Димовски: Со победата на ВМРО ДПМНЕ во Тетово се најавува политички пресврт во Македонија

18/08/2022
Вести

Завршна конвеција на СДСМ во Тетово, Димитар Ковачевски со поддршка на иницијативата Тетово сака парк

18/08/2022
Вести

Јане Ченто: Tетово заслужува луѓе кои ќе го направат модерен и современ град

18/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: На 20ти август да излеземе масовно и гласаме за бројот 1, нека европско Тетово го почувствуваме сите

18/08/2022
Вести

ВМРО НП: Со масовна поддршка на една од кандидатските листи да бидат избрани повеќе советници Македонци

18/08/2022
Вести

Станислав Бојчески : Во гимназија поставување на функционален спортски терен до крај на 2022 година

18/08/2022
Следна објава

Четириесет и пет годишна жена го загуби животот во сообраќајка на автопатот Скопје-Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.