Отворен ден за промоција на стручното образование се одржа денес во стручното општинско училиште „Моша Пијаде“ во Тетово, како дел од проектот „Учи паметно, работи стручно“ на Министерството за образование и наука. Ученици од деветто одделенија од тетовските основни училишта можеа да се запознаат со струките за кои имаат можност да се запишат, а посевно да се запознаат со концептот на дуално образование.
-Има доста посетеност за да се добијат информации за упис, имаме отворен ден за упис на деветтодделенци, имаме доста избор на струки од стручно образование, машинска струка, сообраќајна струка, угостителство и туризам, земјоделско-ветеринарна струка. Сега е ера на стручното образование, а нашето училиште има можност да го истакна воведеното дуално образование. Тоа го подбразбира нашиот договор со фабриката КИЕЛ, каде што нашите ученици од машинска струка смер техничари за производно машинство ќе ја обавуваат практичната настава во компанијата, изјави Зоран Бошковски, професор по машински стручни предмети.
Според професорот ова дуално образование и практична настава е многу важна за учениците кои по завршување на средното училиште ќе имаат практични познавања со што како обучен кадар ќе можат веднаш да најдат вработување.
-Теоретските работи што треба ги учиме во училиште ќе ги применат во практични знаења а исто така и бенефит ќе имаат и самите работодавачи т.е компаниите, За самите наши ученици, ќе биде полесно да додат до вработување, а со тоа ќе се намали и невработеноста во самата држава, објаснува професорот Бошковски.
Оваа учебна година за прв е воведено дуалното образование и учениците имаат теоретска настава. На лето за време на летниот распуст ќе имаат феријална пракса две недели во компанијата КИЕЛ. Од наредната учебна година во септември кога ќе бидат втора година учениците редовно ќе одат на практична работа во фабриката.
А.С