• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Отежнато водоснабдувањето во Тетово, дефект на главен цевковод на новиот систем

23/02/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Тетово има отежнато водоснабдување, а повторно проблем е дефект на цевководот што оди од месноста Лешница.  Прекинат е дотокот на вода од новиот водоснабдителен систем кој носи вода од планинските реки и преку филтер пречистителна станица го снабдува градот со дополнителни количини вода.

-Станува збор за дефект на главна водоводна цевка од новиот водоснабдителен систем. Цевката е скината на спој и изместена од позицијата, а сметаме дека причина е движењето на земјиштето. Поради дефектот имаме намалување на количината на вода . Работниците од претпријатието при работна единица „Водовод и канализација” ќе бидат максимално ангажирани за побрзо и поефикасно санирање на дефектот, изјави Љуљзим Шаќири, раководител на работната единица при ЈКП „Тетово“.

Во моментот градската водоводна мрежа се снабдува со 140 литри вода во секунда од стариот водоснабдителен систем како и дополнителни количини од бунарите. Со тоа снабдувањето достигнува до 200 литри вода во секунда.

На почетокот на јануари домаќинствата во Тетово се соочија со отежнатото водоснабдување поради заматување на водата која се зема од месноста Лешница во новиот дистрибутивен систем.

А.С

Поврзани објави

Вести

Околу две илјади нови студенти ги почнаа своите студии на Универзитетот во Тетово

02/10/2023
Вести

Здравствен дом Тетово информира дека не е нивно возилото од видеото каде брза помош носи столици до казино

02/10/2023
Вести

„Сакам да работам до партиите“: „Вашите кампањи против игрите на среќа се против 10 илјади вработени, кои можеби заедно со своите семејства на избори гласале и за вас!“

02/10/2023
Вести

На тетовскиот плоштад во среда 4 октомври од 20 часот „Македонијо во срце те носиме“

02/10/2023
Вести

Полицијата со пријава за жител на Жеровјане кој пукал и ранил овчарско куче на човек од Боговиње

02/10/2023
Вести

На автопатот Тетово-Гостивар животот го загуби 18 годишно момче од Чегране

02/10/2023
Следна објава

Во тетовската касарна дарувани 44 единици крв при вчерашната крводарителна акција

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!