На 03.08.2021 во периодот од 14.00 до 17.00 часот, при преземање службени дејствија, полициски службеници од СВР Тетово на место викано „Брешчиња“, атар на тетовско Јанчиште, во нива било пронашле насади од канабис. Извршен бил увид, а насадите бил подигнати за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Тетово.
Во вторникот во Теарце беа откриени околу 100 стебла канабис.