• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Откриена спомен биста на полицаецот Жарко Кузмановски (1981-2015) во Брвеница

09/05/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На пригоден комеморативен собир денеска беше откриена спомен биста во тетовска Брвеница, родното место на Жарко Кузмановски, еден од осумината припадници на специјалната антитерористичка единица „Тигар“кои загинаа во акцијата во Куманово на 9 мај 2015 година.  На отркивањето на бистата присуствуваа највисоките функционери на МВР,  САЕ „Тигар“, СВР Тетово, Општина Брвеница и здруженија на бранителите.  

-Жарко Кузмановски го заслужи своето место меѓу бесмртните, меѓу сите наши херои кои оставија вечна трага во историја на нашата татковина. Но и аманет за иднината на генерациите што доаѓаат, бидејќи не постои државата во чии темели не се вградени животите на нејзините најхрабри синови. Така и нашата татковина е создадена од безрезервната жртва дадена од токму нејзини херои, наши браќа и синови, татковци и другари и пријатели. Ова е вечен спомен кон незаборавот кон Жарко, не е отплата на долгот кон него, оти она што тој како и другите негови колеги и соборци не задолжиле се враќа само со хумани професионални благодордни дела со се она добро, чисто и честито. Загубата е ненадоместлива и речиси невозможно да се исполни празнината што ја имаат блиските, порача во својот говор министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Беше пример за вистински професионалец и имаше несебична љубов кон колегите и единицата. Животот го загуби како лидер на тим во Куманово во извршување на службени задачи. Остави аманет да продолжиме да го следиме неговиот пат по кој чекореше, порачаа од неговата единица.

-Жарко беше вистински пример на храброст и патриотизам, а воедно и несебичност и пожртвуваност за единицата и државата. Од страна на претпоставените беше препознаен како човек со висок потенцијал и на него се сметаше како еден од припадниците кои треба да ја градат иднината на единицата. Како потврда на сето тоа е неговото унапредување во лидер на тим кој ги поседува сите суштински карактеристики на еден вистински лидер, советник, обучувач ментор, истакна претставникот на САЕ „Тигар“, Стефан Соколов.

Во име на Секторот за внатрешни работи пригоден говор и благодарност за Жарко упати портпаролот Марјан Јосифоски.

– Секојдневно го има Жарко во споменот кој не бледнее, кој ги исполнува сеќавањата на сите кои беа со него како дел од специјалните антитерористичка единица, се дружеа и делеа добро и лошо и докрај останаа сплотени во едно-во силна тигарска тупаница против криминалот, внатершни и надворешните непријатели на нашата земја. Жарко сега денеска е горе и севезеден сум сигурен грижливо бдее над неговата Брвеница, над семејство на кое толку многу му значеше и два пати по уште толку искрено го сакаше, над родителите и блиските кои за навек ќе останат со него во мислите, срцата и душите. Овој јунак македонски херој го даде највредното од себе. Го положи животот и заслужи место меѓу вечните, меѓу коие кои имаат само датум на раѓање, истакна Марјан Јосифоски.

Кузмановски загина на 34 години, а остави зад себе двајца малолетни синови, сопруга и родители.  Спомен бистата е поставена во центарот на Брвеница, меморијалниот комплекс во дворот на црквата Свети Атанасиј.

ас 

Поврзани објави

Вести

Активности на СВР Тетово за градење доверба кон локалната заедница 

25/03/2023
Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Следна објава

За серијата инциденти на стадионот во Тетово само еден приведен и еден повикан на разговор

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.