• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Откриени 13 возачи кои возеле без положен возачки испит и валидна дозвола

18/04/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Вчера и ноќеска (17 и 18 април) на поширокото тетовско подрачје вкупно откриени и санкционирани се 13 лица (ТЕ-4 и ГВ-9) кои ги управувале возилата без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа.

Сите се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци по член 225 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а ќе треба да платат парична глоба од 250 евра во денарска противвредност. Толку изнесува паричната глоба и за сопствениците на возилата кои им ги дале на управување, иако знаеле дека немаат адекватна дозвола.

Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш потсетува – да не се седнува зад волан без положен возачки испит, без разлика дали станува збор за мотоцикл, патничко или товарно возило.Зашто, на тој начин лицата ја доведуваат во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, бидејќи необучените и неискусни возачи  често пати тешко се снаоаѓаат и го нарушуваат нормалното и безбедно движење на возилата и пешаците.

СВР Тетово наскоро ќе стартува со превентивно-едукативен проект посветен токму на управувањето без дозвола, со кој ќе бидат опфатени ученици од средните училишта од регионот.

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Црвен крст Тетово организира хуманитарна акција мотото „Вашиот прилог-значајна помош“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.