• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Отпечатена книгата „Етимолошки преглед на Тетовско Бревно“ со податоци од 14 век за тетовската црква Света Богородица

07/07/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Од печат излезе книгата „Етимолошки преглед на Тетовскот Бревно“ од авторот Душан Синадиновски, што претставува колекција на правни акти за имотот на црквата Света Богородица во Тетово. Трудот претставува дополнување на првата книга на оваа тема „Етимолошки преглед на повелбата од крал Душан за црквата Света Богородица Тетовска“.

-Терминот бревно доаѓа од грчки збор, што во превод на македонски јази попис, поточно попис на подарените и купените земјишни поседи. Бревното има големо историско значење за Полог од правен, социолошки, географски и културен аспект. Во него се дадени имињата на дарителите, црковните старешини кои ги купувале имотите, под какви услови за која цел, каде се наоѓале и  кои им биле меѓите. Забележани се и неколку површински и тежински мерки кои биле укинати за Полог. Во пописот се опишани исто така и неколку судски спорови за кои се донесени правни решенија и од кои се дознава за начиниот на кој биле донесувани пресудите, наведува авторот Синадиновски во воведот на книгата.

Бревно настанало во средината на 14-тиот век во Хиландарскиот манастир. Тоа е српски превод од оригиналниот грчки документ кој не е сочуван.

-Старословенскиот раковопис во овој труд е преземен од текстот кој е објавен во монументалното дело „Споменици на средновековната и поновата историја на Македонија“- том III  од Лидија Славеве и Петар Миљковиќ-Пепек, уредник Владимир Мошин.Мојот интерес кон проучување на Бревното на Света Богородица Тетовска пред се е предизвикан од непроценливото богатство од историски податоци за имињата, селата и места и луѓето во полошкиот регион во 14-тиот век. Овозможува  еден значаен ретроспективен поглед на лексиконот и на граматиката од македонскиот средновековен јазик што бил користен при составувањето на правните акти на тој ракопис. Овој текст е со двојна намера да се објасни етимилошкото потекло на цеиот зборовник во текстот и да се утврдат локациите на исчезната села, топоними, патишта, реките и други места и предмети кои се забележани во Бревното, потенцира Душан Синадиновски.

Авторот е роден 1949 во тетовска Вратница, а живее и работи во Детроит во Соединетите Американски Држави.  Синадиновски трудот го има направено токму во Детроит.  Тој е магистер по политичка филозофија и публицист, еден од двајцата автори на познатата Вратничка енциклопедија.   

А.С

 

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

Приведен жител на Доброште со 13 пакувања кокаин

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!