• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

ОУ „Братство–Миѓени“ реализира проект од Еразмус плус програмата во партнерство со училишта од Србија и Романија

22/04/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Ученици и наставници од ОУ „Братство–Миѓени“ периодов во рамки на проект од Еразмус плус програмата разменуваат образовни практики со училишта од Србија и Романија.

Оваа работна недела шест ученици  и наставникот Славчо Ивановски од тетовското училиште престојуваа во Трстеник, Србија, додека претходната седмица во Тетово гостуваа 24 ученици од Романија и 7 од Србија, заедно со нивни наставници и координатори. 

 

-Во рамките на посетата на нашиот град учениците од Романија и Србија изведуваа низа планирани активности со цел развивање љубов кон училиштето и желба за учење.Покрај работата дел од денот беше исполнет со посета на значајни места во градот како Шарената Џамија, црквата св.Кирил и Методиј и галеријата на икони, потоа Арабати Баба Теќе, Музејот на тетовскиот крај. Воедно посетени беа и градовите Скопје и Охрид од каде сите се вратија со прекрасни впечатоци. Оваа недела шест ученици и наставник од нашето училиште престојуваа во Трстеник, Србија каде се изведуваа активности и посети и денес очекуваме да пристигнат  дома, изјави Даниела Апостоловска, координаторка на проектот.


Претходно три недели беа изведувани онлајн активности во кои исто така за секоја недела имаше различен домаќин на настанот  кој ги предводеше планираните активности според претходно утврдена агенда од координаторите на проектот.


-Преостанува уште домаќин да биде Романија и таа активност ќе ја реализираме кон крајот на месец мај во училиштата во Пуфести и Видра.  Ваквите проекти претставуваат афирмација на училиштето и градот на меѓународно ниво, изјави Апостоловска.

Даниела Апостоловска и и Радмила Серафимоска се координатори на целата организација потребна за водење на проекот, со поддршка од Риза Етеми, директорот на ООУ „Братство –Миѓени“.

Поврзани објави

Вести

Црквата Свети Атанасиј во Брвеница го празнуваше патронот

31/01/2023
Вести

Сослушани седум сведоци на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

31/01/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Вести

Министерството за животна средина предаде на Тетово лабораториска опрема од 177 денари

30/01/2023
Вести

Загубите во висина од четири милиони денари на ЈП „Тетово транспорт“ ќе се покријат со средства од општинскиот буџет

30/01/2023
Вести

Казнети осум возачи за управување возила под дејство на алкохол

30/01/2023
Следна објава

Од 11 до 17 часот 202 мерки за пребрзо возење на тетовско-гостиварското подрачје

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.