На еден од ѕидовите на основното училиште „Лирија“ во Тетово е нацртан мурал кој носи порака за зачувување на животната средина и ја истакнува потребата од колективна свест за обновување на урбаното земјиште со зелени површини. Посочено е значајното влијание на пчелата во целиот еко-систем.
Муралот е дел од проектот „Позитивни промени за управување со комуналниот отпад во општина Тетово“ на здружението Мултикултура.
-Целта на муралот и претходните активности што ги презедовме во рамките на овој проект, е да ги зачуваме зелените површини во градот и да го ублажиме ефектот од загадувањето. Клучниот елемент во овој мурал е пчелата, која игра улога во секој аспект на екосистемот. Пчелите го поддржуваат растот на дрвјата, цвеќињата и другите растенија, кои служат како храна и засолниште за големите и малите суштества. Покрај тоа, пчелите во овој мурал ги зачувуваат младите садници од исечените дрвја“, велат од Здружение Мултикултура.
Муралот е насликан на предниот дел на ОУ „Лирија“ – Тетово, од уметникот Семир Алими.
Од невладината организација ги повикуваат талентираните ученици од градот, да се приклучат на работилницата за учење на техниките за креативниот активизам, а во исто време да пренесуваат еколошки пораки до своите врсници.
ас