• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 7 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Оштетени повеќе бандери и сообраќајни знаци остави дел од Тетово без струја и интернет

27/09/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Неколку бандери и сообраќајни знаци беа оштетени викендов во Тетово откако во нив со неговото возило удрил жител на гостиварското село Чегране. Поради овие оштетувања на кружниот тек на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ и улицата „Браќа Миладинови“ ноќеска дел од жителите од тој дел на градот повеќе часови беа без електрична енергија и интернет врска. Денес екипи на повеќе компании работеа на санација на штетите.

-Во неделата околу 2 часот и 35 минути се случила сообраќајна незгода на кружниот тек кај улиците „Видое Смилески Бато“ и „Браќа Миладинови“ во Тетово. Патничко возило марка „Мерцедес“ управувано од шеесет и пет годишниот М.Б. од гостиварското село Чегране, движејќи се по булеварот „Видое Смилески Бато“ во еден момент изгубило контрола врз возилото и излетало од коловозот. При излетувањето оштетило 4 метални држачи за сообраќајни знаци поставени на кружниот тек, три бандери и еден сообраќаен знак. Возачот поминал без посериозни повреди. соопштува портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Истрагата за причините за оваа сообраќајна незгода се во тек, потенцираат од полицијата.

 

ас

Поврзани објави

Вести

Промоција на носителот и кандидатите за советници на СДСМ за општина Тетово ќе се одржи утре 19 часот во Жена Парк

07/08/2022
Вести

Ангел Карапетров: Тетовчани заслужуваат промени-ветуваме работа, заштита на вашите интереси и борба за проекти важни за Тетово

07/08/2022
Вести

Промовиран Лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ на авторите Влатко Милошевски и Зоран Андонов

07/08/2022
Вести

Наумче Мојсовски: Тетово да продолжи да се развива и модернизира, Да гласаме за број 1 да гласаме за европско Тетово

06/08/2022
Вести

За четири часа 46 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

06/08/2022
Вести

Пронајдена дрога во тетовско, приведени седуммина  

06/08/2022
Следна објава

За шест часа казни за 13 возачи кои возеле под дејство на алкохол

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.