• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 31 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Пазарен инспекторат : Во тетовско нема зголемување на цените за основните производи

Инспектори од тетовското одделение на Државниот пазарниот инспектора денес беа во проверка на владината одлука за непроменување на цените на основните производи во трговските објекти. Според раководителот на одделението Лилберт Мемети нема отстапувања кај продажните субјекти кои досега се контролирани.

19/03/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Инспектори од тетовското одделение на Државниот пазарен инспекторат денес беа во проверка на владината одлука за непроменување на цените на основните производи во трговските објекти. Според раководителот на одделението Лилберт Мемети нема отстапувања кај продажните субјекти кои досега се контролирани.

-Не е лоша ситуацијата, почитуваат сите освен со некои недостатоци некои што сакаат да злоупотребуваат, сигурно ќе бидат и тие проверени и ако најдеме неправилности ќе бидат казнети според законот. Има претставки од граѓаните, ќе видиме дали се искрени, дали се коректни пошто има и злоупотреба од граѓаните, истакна Лилберт Мемети.

Во придружба на раководителот беше и Хисен Џемаили, министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија.

-Како што гледавме и како што не инфомираа инспекторите нема зголемување на цените на основните продукти. Може да се случи на некои продукти кои согласно пазарната економија што потешко се наоѓаат сега, може да има покачување на цените но тие цени што се гарантирани со одлука на Влада не гледаме дека има злоупотреби, рече Џемаили.

На новинарско прашање дали и маските ќе бидат ставени во категорија на основни продукти поради потребата од нив за заштита, министерот вели дека тоа ќе биде во иднина.

-Во врска со маските, знаеме дека во наша држава не се произведуват овие маски, веќе е стапено во контакт со некои компании што можат да шијат маски. Кога тие се произведат во државата ќе имаат гарантирана цена, истакна Џемаили.

За угостителителски објекти нема казни досега од државниот пазарен инспекторат.

-Сите пријавуваат, и тоа е за поздравување од страна на граѓаните. 95 отсто од градот е покриен со се селата,  а тоа е дека ја почитуваат одлуката на Владата. Освен некои мали  кафетерии по селата сакаат со некакви други методи да работат но тоа не е во нивна корист не ни во наша корист, ќе бидат затворени, вели Мемети.

Пред два дена беа затворени еден локал во Тетово и две кафетерии во Пирок.

А.С

 

Поврзани објави

Вести

Тетовчанка на 61 година повредена поради каснување од бездомно куче

31/01/2023
Вести

Црквата Свети Атанасиј во Брвеница го празнуваше патронот

31/01/2023
Вести

Сослушани седум сведоци на судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

31/01/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 31 јануари 2023

30/01/2023
Вести

Министерството за животна средина предаде на Тетово лабораториска опрема од 177 денари

30/01/2023
Вести

Загубите во висина од четири милиони денари на ЈП „Тетово транспорт“ ќе се покријат со средства од општинскиот буџет

30/01/2023
Следна објава

Тетовски новинари со награда за истражувачко новинарство

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.