• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 30 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Панел дискусија за поддигнување на свеста за пописот на УЈИЕ, ректорот не верува дека ќе почне

11/03/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово денес организираше панел-дискусија на тема: „Потребата од подигнување на јавната свест за пописот на населението во Република Северна Македонија“. Ректорот на Универзитетот Абдулменаф Беџети во изјава за медиумите истакна дека лично не верува дека пописот ќе почне, но ако започне ќе биде во ред.

– Оваа дебата е со цел да се поттикне и подигне свеста на граѓаните да учествуваат што е можно помасовно во овој процес, што е можно поподготвени. Малку треба опструкции за да биде неуспешно,а како за наши услови и поради политички цели, многу напори треба за да успее. Сите делуваме и работиме секој ден, не мислам дека пандемија може да биде реален ризик. На крајот ако се оцени како ризик секако дека конечниот збор ќе го има надлежната комисија за тоа. Ако ме прашувате лично мислам дека тешко и ќе се реализира овој попис.  Очекувањата се доколку влезе во процесот и почне ќе биде завршен како што треба. Ама јас мислам дека нема да почне, изјави Абдулменаф Беџети.

Професорот од правниот факултет Јетон Шасивари вели дека со тоа што се евидентираат оние кои живеат во странство пописот е веќе почнат. Тој смета дека како држава имаме меѓународна обврска да спроведеме попис на населението и домаќинствата со цел да се покаже сериозност.

-Меѓународната правна основа е солидна и нашата национална правна основа е солидна, имаме закон за попис, постои и методологија, тие се правни документи во сила. И државниот завод за статистика како дел од администрацијата со стручност се очекува да биде на ниво согласно обврските и надлежностите кои ги има како професионален орган. Се разбира ќе има дилеми во престојниот период и се очекува тие да се надминат и државата да покаже капацитет дека има можности и спремност да произведе успешен попис. Имавме пример на недоразбирања меѓу првиот и вториот човек на заводот за статистика, но се надмина и се пренесе порака дека се работи тимски, истакна професорот Јетон Шасивари.

И според професорот и според ректорот законот за попис од 2021 за разлика од 2011 е со јасни дефиниции.

-Во 2011 беше доста двосмислен законот и оставаше простор за разни интерпретации, се поврзано со нашите граѓани кои работат и живеат во странство. Тоа е сега доста изрично во законот и не остава таков простор. Второ недоверба имаше тогаш во институциите и немаше механизам за заштита и сега законот тоа го обезбедува а тоа е поврзаниот потпис, рече Беџети.

Тој се надева дека вкрстувањето на податоци ќе помогне да се евидентираат одредени дилеми како што се двојно живеалиште во два града.

А.С

Поврзани објави

Вести

Оштетено стакло од автомобил поради заталкан куршум

29/09/2023
Вести

Универзитетската библиотеката „Макс ван дер Штул“ со изложба на шеесетина уметнички дела создадени од ученици, студенти и академскиот кадар

28/09/2023
Вести

СВР Тетово: Приведен осомничен за кражба, украдениот предмет вратен на сопственикот

28/09/2023
Инфо компас

АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет

28/09/2023
Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Следна објава

Кај приведен најдени над 13 илјади фалсификувани евра

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!