Општина Тетово нема да употреби финансиски средства од сопствениот буџет околу предновогодишното украсување на градот како и дочек на новогодишната ноќ и тие ќе ги пренамени за другите потреби на градот.
Според претседателот на Советот на општина Тетово Беким Мемети ваквата одлука e направена е со оглед на состојбите со пандемијата.
-Нема да има украсување на градот за Нова година поради тоа што е одлучено со ребаланс на буџетот средствата да бидат префрлени за други инфраструктурни работи и справување со пандемијата на подрачјето на Општина Тетово, изјави Беким Мемети.
И минатата година не беа искористени средства за предновогодишно украсување и новогодишен дочек во Тетово, а парите беа пренаменети за помош на градот Драч во Албанија каде во 2019 имаше земјотрес.
А.С