• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 2 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Партии потпишаа обврзувачка декларација за развој на Попова Шапка

Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“  ги повика политичките партии да потпишат обврзувачка декларација со цел во иднина како дел од власта да се посветат на развој на скијачко-рекреативниот центар Попова Шапка. Сметаат дека оваа обврзувачка декларација е надеж и документ со кој партиите се заложуваат за развој на Попова Шапка.

10/07/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“  ги повика политичките партии да потпишат обврзувачка декларација со цел во иднина како дел од власта да се посветат на развој на скијачко-рекреативниот центар Попова Шапка. Сметаат дека оваа обврзувачка декларација е надеж и документ со кој партиите се заложуваат за развој на Попова Шапка.

-Нашите барање се одземање на сите компетенции на АД ЕЛЕМ Турс и да се пренесат на општина Тетово на локално ниво. Краткорочни барања се анализа на непрофесионално управување и менаџирање со досегашното раководство со ски центар Попова Шапка, инфраструктурни инвестици во рекреативниот центар и викенд населбата, отстранување на дивоградби и нелегални објекти и воведување на ДУП. Долгорочните барања се отворање на можности за давање и управување на менаџирање на центарот на приватни инвеститори, инсталација на систем за вештачки снег, проширување на центарот на север кон  Јелак и над Боговињско бачило, да се изгради жичара Тетово-Попова Шапка, истакна Хамди Сулејмани од иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“.

Претставници на три партии ставија потпис на ова иницијатива.

-Она што е граденот тука е од 1998-2001 и има едно име ДПА и Мендух Тачи. Следните 18 години ништо, сега три пати треба да ја обновиме Попова Шапка, истакна Арбен Демири, кандидат за пратеник од ДПА.

-Мислим дека од овој центар зависи економскиот развој на целиот полошки и поширокиот регион. Се најдовме себе си во декларацијата бидејќи во нашата програма предвидуваме децентрализација и предлагаме дека ваквите центри треба да се менаџираат од локалната власт, рече Зијадин Села од Алијанса за Албанците.

-Со задоволство потпишавме бидејќи нашите заложби за развој на Попова Шапка се дел од одлуката на Владата за прогласување на национален парк каде има предвидено конкретни проекти за развивање на овој центар, рече Хисен Џемаили од ДУИ.

Дел од барањата на „Да ја спасиме Попова Шапка“ е вклучување на граѓанскиот сектор за секоја одлука поврзана со центарот.

А.С

Поврзани објави

Вести

Продолжуваат акциите за подигање фрлени отпадоци на Шар Планина

02/06/2023
Вести

Приведени две лица поради најдена дрога,еден за издржување мерка притвор

02/06/2023
Инфо компас

Ова лето FLAIR бренд на спортска облека нека биде твојот избор

01/06/2023
Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Следна објава

Александар Велјановски: Мора да го зајакнеме примарното здравство затоа што само здрава нација е силна нација

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!