• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Педесетина лекари и здравствени работници со отворено писмо ја поддржаа иницијативата „Тетово сака парк“

06/03/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Иницијативата „Тетово сака парк“ која предложи и побара формирање на прв градски парк, денеска доби поддршка од околу 50 лекари и здравствени работници кои преку отворено писмо позитивно се изјаснија за предлогот за прв градски парк во Тетово. Лекарите и здравствените работници посочуваат дека даваат поддршка на оваа иницијатива водејќи сметка за здравјето, благосостојбата и квалитетот на живот на луѓето кои живеат во Тетово.

Свесни за причините за заболувања и нарушувањата на здравјето на нашите пациенти, како и можностите за унапредување на истото, даваме јавна и целосна поддршка на иницијативата на група интелектуалци „Град е со градски – Тетово сака парк“ со која се предлага формирање на прв вистински градски парк во Тетово преку соодветни постапки со кои ќе се утврди соодветна парковска намена на урбаните блокови 27, 29, 31 и 57 кои го формираат последниот неискористен јавен простор во градот, посочуваат тие во отвореното писмо.

Лекарите и здравствените работници посочуваат дека градот Тетово мора да добие градски „бели дробови“, зелен појас во кој ќе можат да се задоволат потребите на луѓето за активен одмор во природа и да се втемелат нови здрави навики во начинот на живеење.

-Ваквиот зелен појас, градскиот парк би придонел многукратно кон подигнување на квалитетот на живеење на граѓаните, со сигурни придобивки кон нивното здравје, овозможувајќи простор за здрава социјализација на младите, рекреативни и спортски активности и многу повеќе чист воздух, се вели во писмото.

Иницијативата „Тетово сака парк“ предлага формирање на парк на површина од 16 хектари, на подрачје на четири соседни урбани блокови, за кои се посочува дека се последната слободна површина во градот.

Поддршка изјавуваат:

д-р Антигона Треневска, педијатар
д-р Славица М. Станкоска, неонатолог
д-р Екрем Исмани, трансфузиолог
д-р Мирица Петрова, анестезиолог
д-р Јовица Мацура, интернист
д-р Мерал Реџепи, гинеколог
д-р Зоран Соколовски, хирург
д-р Оливера Кузманоска, гинеколог
д-р Гордана Стојаноска, специјалист по општа медицина
д-р Иван Карапетров, торакален хирург
д-р Снежана Матовиќ, интернист
д-р Екрем Елеси, уролог
д-р Цветанка Трпевска, офталмолог
д-р Флора Рустеми, гинеколог
д-р Александар Костески, специјалист по училишна медицина
д-р Драган Јовановски, стоматолог
д-р Александра Закоска, гинеколог
д-р Тимосије Јованоски, општ лекар
д-р Ленче Новеска, специјалист по семејна медицина
д-р Елизабета Трајковска, патолог
д-р Емилија Кочовска, трансфузиолог
д-р Тамара Ѓорѓевска, општ лекар
д-р Маријана Филиповска-Рафајловска, гинеколог
д-р Ратка Филиповска, офталмолог
д-р Вук Ѓорѓевски, стоматолог
д-р Стефанка Здравкоска, радиолог
д-р Каранфила Блажевска, специјалист по медицина на труд
д-р Бобан Сотировски, општ лекар
д-р Миомира Ѓорѓевска, специјалист по семејна медицина
д-р Марија Евкоска, радиолог
д-р Александар Блажевски, општ лекар
д-р Теодора Сибиновска, општ лекар
д-р Валбона Гафури-Бериша, психијатар
д-р Ивана Стојаноска, општ лекар
д-р Оливера Јовановска, општ лекар
д-р Миланчо Младеноски, стоматолог
д-р Весна Зориќ, просветен работник
д-р Дејан Трпкоски, стоматолог
д-р Тамара Михајловска-Мичевска, општ лекар

д-р Ѓорѓи Хнида, општ лекар

д-р Владимир Јовановски, стоматолог
д-р Милан Михајлов, стоматолог
д-р Филип Костоски, стоматолог
д-р Јордан Костоски, стоматолог
Јованка Евческа, медицинска сестра
Хаџере Ќазими, медицинска сестра
Мирјана Јованоска, медицинска сестра
Исмије Гаши, медицинска сестра
Анета Арсовска, медицинска сестра
Живка Јованоска, медицинска сестра
Сузана Максимовска, медицинска сестра
Ерлинда Тела, медицинска сестра
Елеонора Томевска, медицинска сестра
Јовица Ефкоски, медицинар
Ава Земиши, медицинска сестра
Халиде Исени, медицинска сестра

Иницијативата „Тетово сака парк“ беше покрената на 21 февруари од страна на 60-тина тетовски интелектуалци, универзитетски професори, урбанисти, адвокати, актери и др. Преку предлогот до општината, согласно Законот за локална самоуправа, беше побарано формирање на првиот градски парк на површина која е 87% во државна сопствена и претставува последна површина од таков тип на кој може да се формира парк.

Зад предлогот за парк застанаа и над 2.500 граѓани преку потпишувањето на онлајн петицијата.

 

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

СВР Тетово : Приведен 56 годишник од Тетово поради реемитување ТВ канали без лиценца

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.