• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Пензионери од цела држава се дружат во Тетово на „Мултиетничка средба“

Над 400 пензионери од 22 здруженија на пензионери од целата држава денесе во Тетово се собраа на заедничка „Мултиетничка средба“. Здружението на пензионери од Тетово од 1998 речиси секоја година ја организира оваа средба.

09/11/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Над 400 пензионери од 22 здруженија на пензионери од целата држава денесе во Тетово се собраа на заедничка „Мултиетничка средба“. Здружението на пензионери од Тетово од 1998 речиси секоја година ја организира оваа средба.

– Мултиетничката средба се одржува речиси секоја година во Тетово од едноставна причина што нашиот град е мултиетнички град и ја има главната основа каде да се прават ваквите манифестации. Целта на оваа манифестација е да се дружиме, да се веселиме, да се запознаваме, да размениме мислења меѓу пензионерите и други проблеми и работи кои се појавуваат, изјави Селвер Мемети, претседател на тетовското здружение.

Присутните пензионери на средбата ги поздрави претседателката на Сојзуот на здруженија на пензионери Станка Трајкова.

-Соживотот и пријателството меѓу пензионерите е важна околност која е потребна. Пензионерите не случајно меѓусебните релации ги граделе меѓу народите на овие простори за меѓусебно почитување. Денес тука ја имаме Македонија во мало, а со тоа соживотот се збогатува и гради. Меѓу себе ќе си подадеме рака со позитивна порака за помош на секој од нас кон другиот. Само така се развива соживотот и пријателство. Ако пензионер помогне на некој друг и на него некогаш ќе му биде добредојдена и потребна помош од некој друг, истакна Трајкова.

70 годишната Софија Симовска вели дека присуствуваала на сите мултиетнички средби веќе 21 година од како во 1998 година станала пензионерка со оглед на бенефицираниот стаж.

-Многу е важно ваквото дружење за пензионерите.Со пензионирањето не престанува како што се вели векот на живеењето. Продолжува уште повеќе затоа што почнува нов живот за нас пензионерите. Обврските се намалуваат и сега останува да се дружиме, вели Софија.

Низ цела Македонија постојат 53 здруженија на пензионери со вкупно 273 илјади членови. Тетовското здружение брои 13 илјади пензионери. Вкупно по сите видови на пензии евидентирани се 320 илјади пензионери во државата.

 

Тагови: здруќение на пензионеримултиетничка средба

Поврзани објави

Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Следна објава

Изборот на најдобар млад предувач можност за младите да стекнат професија во книжевниот превод

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.