• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 28 мај 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Теми и интервјуа

Пестициди и инсектициди во овоштарството дополнителна причина за намалени количини на мед во Тетовско

28/07/2021
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Покрај со климатските промени и зголемувањето на температурите пчеларите во тетовскиот регион последниов период се соочуваат со уште една проблематика која е причина за угинување на пчелите и намалување на приносите.  Тие посочуваат дека пестициди и инсектициди се користат во градинарството и овоштарството па пчелите кои пристигаат до цветовите на дрвјата и растенијата угинуваат поради присуството на ваквите средства за заштита.

-Поголемите труења на пчелите има поради зголемено присуство на пестициди во градинарство и овоштарството. Особено ова е изразено сега по појавата на некои нови сорти кои се одгледуваат во тетовско пример како малините. Таа култура значително се проширува на овоштарници, малината цвета подолг период, поточно нон-стоп цвета и вади плодови, па со тоа е значјано медоносна. За да си го заштитат својот производ одгледувачите ги прскаат,а пчелите нон-стоп ги посетуваат токму поради тоа што е медоносна, објаснува Владимир Петровски од здружението на пчелари „Полошки мед“.

Угинувањето на пчелите го интензивира веќе постоечкиот и тежок проблем на пчеларите- намалените приноси на мед.

-Според искуствата на пчеларите кои се членови во здружението, карактеристичен пример е Брвеница. Таму порано имаше многу големи површини со овоштарници, но сега се драстично намалени. Така нема многу прскање со пестициди и инсектициди па пчеларите од Брвеница бележат најдобри резултати оваа година по собран мед од пчелни садници.  Ако пчелите се отруени од тие средства зависно од јачината или угинува на самото место или се враќа во кошницата па таму може да ги отруе останатите пчели, објаснува Петровски.

Неговиот колега од здружението на пчелари „Град на пчелите“ Дритон Дикена вели дека дел од угинатите пчели се пратени на испитувања при што е утврдено дека се користат и недозволени средства за третман на овошја и зеленчук за заштита од инсекти.

-Користени се пестициди и инсектициди кои се одамна забранети. Затоа е потребно институциите повеќе да дејствуваат во контрола на оваа област.  Ние сме свесни дека земјоделците треба да ги штитат своите приноси но и истото важи и за нас.  Затоа предлагаме и поголема соработка на сите засегнати страни, земјоделци, пчелари и институции, вели Дритон Дикена.

Јуни и јули се месеците кога во тетовскиот регион се собира приносот од работата на пчелите.  Пчеларите во тетовскиот регион периодов ги завршуваат работите за собирање на медот од пчелните семејства, за да во август започнат со подготовките за зимските месеци.

-Целиот полошки регион има потпросечен принос. Ако пред десетина и повеќе години имало по 20 килограми мед од еден сандак, сега просекот е околу десет килограми. Мината 2020 година беше катастрофална, имавме по еден до два килограми. Причините се во климатски промени и нагли промени, сега фати топол бран од 40 степени, кога ништо не функционира, па исто така и пчелата и растението да пушта нектар. На растението му треба одредена влажност и температура и преку ден и преку ноќ, се тоа да биде ускладено за да може да функционира.  Шарпланинскиот предел од Тетово кон Јажинце годинава „промаши“ значително. Полошката котлина помина добро, солидно пример како Брвеница. Малку род на мед имаа и оние кои чуваат сандаци покрај Вардар, кон планините Жеден и Сува Гора, објаснува Владимир Петровски.

Во тетовскиот регион најмногу има багремов, ливадски и костенов мед.  Најмногу баран според искуствата на соговорниците е костеновиот, кој се смета и за најквалитетен мед. Токму овој вид мед спаѓа меѓу оние кои имаа многу мал принос.

-Една од причините да се почне во август со подготовки за зимата во тетовскиот регион се токму проблемите со кои се соочуваме. Сега се прави неопходниот третман со „чадење“ против крлежот вароа што се јавува кај пчелите, се прави прихрана на пчелните семејства како и спојување на слаби и силни друштва со пчели.  Комплетирањето на едно пчелно семејство е обидот да се помине зимата и да се достигне што повеќе мед, објаснува Петровски.

Во државата се бројат околу 242 илјади пчелни семејство кои ги одгледуваат над шест илјади пчелари. Двете тетовските здруженија од 2019 година започнаа да организираат меѓународен натпревар за квалитет на мед.

Александар Самарџиев

Поврзани објави

Теми и интервјуа

Нема некоја поголема промена на Шар Планина иако речиси една година е национален парк

25/05/2022
Вести

Градочалникот Касами со најава дека ќе продолжи пробивањето на булеварот „Благоја Тоска“

09/05/2022
Теми и интервјуа

Фотографот Зоран Андонов добитник на една од најпрестижните фотографски награди

08/05/2022
Теми и интервјуа

Граѓаните со години возат по автопат со дупки на релација Тетово-Гостивар

29/04/2022
Вести

Скоро една година без железнички сообраќај-нема локомотиви за вагоните

17/04/2022
Теми и интервјуа

Има ли решение за сообраќајниот метеж по тетовски улици

20/03/2022
Следна објава
црвен крст

Во вторник акција за крводарување во тетовската болница

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.