• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Пет државни функционери сечеа лента за пуштање во употреба на паркингот во Лешок

02/04/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Со пресекување на црвена лента пет државни функционери го пуштија во употреба ново изградениот паркинг од 2300 метри квадратни во тетовски Лешок кој се наоаѓа помеѓу манастирскиот комплекс и специјалната болница за белодробни заболувања. 

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, директорот за Бирото за рамномерен регионален развој Рамиз Реџепи, градоначалникот Исен Асани и директорот на болницата Исмаил Ваити ја пресекоа лентата за да означат пуштање во употреба на паркингот. Присутен на настанот беше и заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски.

 

-Владата сметаше дека за овој регион има приоритет и одобри средства во висина од 3,5 милиони денари. Тендерските постапки дури и ја намалија вредноста на изградбата. Од голема важност е да имаат пристапност и паркинг простор, со ова овозможуваме полесен пристап за сите туристи кои доаѓаат во овој крај, бидејќи овој манастир е од исклучителна важност за регионот, не само духовна туку и од културна вредност. Тука се наоѓа и државната болница за белодробни болести која што во регион многу се најде особено во оваа ковид криза и токму поради тоа во вистински момент се направи овој паркинг за да можат сите овие објекти кои се наоѓаат тука да имаат пристапност и паркинг простор. Доаѓаа многу автобуси, многу возила и немаа каде да паркираат. На овој начин и за туристите и за сите оние кои што имаат потреба од болницата, овие објекти станаа подостапни и повеќе ги промовираме. Се разбира важно е и за локалната економија. Со доаѓањето на повеќее  туристи и општината има поголема корист и економски бенефит. И потпретседателот Љупчо Николовски, помогна да се имплементира овој проект, изјави министерот Горан Милевски.

Градоначалникот на Општина Теарце Исен Асани ја потенцираше соработката на локалната самоуправа, манастирскиот комплекс и болницата во намерата да се изгради паркингот.

-На свечен начин го промовираме паркингот, бидејќи е во интерес на сите граѓани и е барање од сите граѓани не само од Лешок, туку и на ниво на државата. Бидејќи тука е државна болница за пулмологија, а се наоѓа и Лешочкиот манастир. Со владиката г. Јосиф сме ги менаџирале работите во координација,како и локална со централна власт до реализација на овој проект.  Ние ќе продолжиме да соработуваме за подобра инфраструктура и во иднина, истакна градоначалникот Асани.

Директорот на болница Исмаил Ваити посочи дека се надминува проблемот со паркирање за пациентите во неговата установа.  

-Навистина имавме проблем со паркирање, затоа што болница немаше свој паркинг простор за да ги користат пациентите кои доаѓаат за преглед и лекување. Тука се лекуваат специфични туберкулозни  болни во еден оддел и тоа од цела држава. На другиот кат се третират полесни ковид пациенти каде имаме оддел со 10 кревети, истакна Исмаил Ваити, директор на специјалната болница за белодробни болести.

А.С

 

 

 

Поврзани објави

Вести

Околу две илјади нови студенти ги почнаа своите студии на Универзитетот во Тетово

02/10/2023
Вести

Здравствен дом Тетово информира дека не е нивно возилото од видеото каде брза помош носи столици до казино

02/10/2023
Вести

„Сакам да работам до партиите“: „Вашите кампањи против игрите на среќа се против 10 илјади вработени, кои можеби заедно со своите семејства на избори гласале и за вас!“

02/10/2023
Вести

На тетовскиот плоштад во среда 4 октомври од 20 часот „Македонијо во срце те носиме“

02/10/2023
Вести

Полицијата со пријава за жител на Жеровјане кој пукал и ранил овчарско куче на човек од Боговиње

02/10/2023
Вести

На автопатот Тетово-Гостивар животот го загуби 18 годишно момче од Чегране

02/10/2023
Следна објава
МВР

Затворен локал во Порој поради работа вон дозволеното време

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!