• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
понеделник, 27 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Пет казни за возила кои вршат јавен превоз на патници

22/06/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Секторот за внатрешни работи Тетово продолжува со континуираните контролни активности на возилата кои вршат јавен превоз на патници, пред се на автобуси и комбиња. Вчера (21 јуни) од 6 до 10 часот спроведена е засилена акциска контрола во која вкупно се откриени и законски санкционирани 5 прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-4).Три од прекршоците (ТЕ-1 и ГВ-2) се однесувале на неисправни сопирачки, а 2 (ГВ) на неизвршен технички прглед.

Неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај и на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Покрај ова, едно возило (ТЕ) не поседувало потребни документи и против него ќе следува поднесок по член 284-а од Кривичниот законик. При контролата, исто така, констатирани се и 4 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-3).

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира и потсетува возачите да не тргнуваат на пат без претходно да ја проверат техничката исправност на нивните возила, особено оние кои планираат патување на подалечни  летни, туристички дестинации, но и сите други.

До нив се апелира, исто така, да не седнуваат зад волан недоволно одморени или под дејство на алкохол, по пат повремено да застануваат и да се освежат и максимално да ги почитуваат сите сообраќајни правила и прописи и пред се брзината на движење.Со тоа, најнепосредно ќе придонесат за сопствената и безбедноста на другите учесници и нема да се изложуваат на несакани ризични ситуации со непредвидливи размери и последици

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

На подрачјето на Општина Брвеница ќе се врши дезинсекција против комарци

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.