• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Пет повредени и двајца приведени по физички напад во тетовско кафуле, објектот демолиран

14/12/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовци на 18 и 22 години завршиле во полициска станица како приведени за напад врз сопственик на локал и менаџерот како и оштетување на инвентарот.  Настанот се случил околу 21 часот кога сопственикот и вработените се подготвувале за затворање на кафе барот, а при тоа повредени се пет лица.

-Полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Ф.Д.(22) и М.С.(18) од Тетово, кои претходно биле пријавени дека во угостителски објект на улица „133“ физички ги нападнале сопственикот Г.К.(39) и менаџерот на објектот Ж.С.(33). Воедно причиниле и оштетување на инвентарот во објектот.  Во физичката пресметка во која, според пријавеното, учествувале повеќе лица, а на која  и претходела вербална расправија помеѓу двајцата пријавени и сопственикот и менаџерот на објектот, се користеле различни тврди предмети и при тоа повредени се  пет лица, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По пријавата во кафе барот е извршен е увид по што ќе се работи на расчистување и документирање случајот како и изготвување соодветни поднесоци.

А.С

 

Поврзани објави

Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Вести

Платите на вработените во Општина Тетово ќе се зголемат за 2800 денари најави градоначалникот Касами

24/06/2022
Вести

СВР Тетово: Пајак службата ќе работи еден час повеќе односно до полноќ

23/06/2022
Следна објава

СВР Тетово : Казни има и за неадекватно носење на маските на брада или на рака

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.