• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Пет стипендии од ЕСМ, МЕПСО и ЕВН за студентите на ФЕИТ

04/02/2021
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Трите македонски електроенергетски компании, деветти пат по ред, доделија стипендии на студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, информира компанијата ЕВН Македонија.

Пет студенти од ФЕИТ се нови стипендисти на АД ЕСМ, ЕВН Македонија и АД МЕПСО. Стипендиите за студентите на ФЕИТ се доделуваат традиционално секоја година, станува збор за повеќегодишната соработка што е сериозен стимул за нивниот образовен процес.

-Стипендистите добиваат одлична финансиска помош со обезбедување средства за нивна едукација, можност за практична работа, како и можност за вработување во компаниите и поддршка за студентите на Факултетот.Во согласност со воспоставената практика од 2012 година, компаниите АД ЕСМ, АД МЕПСО и ЕВН Македонија, доделија пет стипендии на студенти од прва и втора година запишани на електроенергетските насоки на ФЕИТ, во студиската 2019 – 2020 година, соопштија од ЕВН Македонија.

Стипендиите се во износ од 8.000,00 денари месечно и се доделуваат за 10 (десет) месеци, со можност за продолжување или за прекин.

-Финансирањето е предвидено да трае за време на сите студиски години, при што услов е просекот во текот на студирањето да биде над 8.0. Енергетските компании покажаа висока општествена одговорност кон заедницата, и токму во годината што донесе  сериозна здравствена и економска криза,  даваат голема поддршка за школувањето на идните електроинженери, се вели во соопштението од ЕВН Македонија.

Компаниите и во иднина ќе продолжат да го поддржуваат образовниот процес и создавањето кадри што моментно се курентни и неопходни на пазарот на трудот за развој на нашата економијa.

 

 

 

 

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Најден и спроведен за издржување затворска казна за убиство 47 годишник од тетовско Гајре

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.