• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Планинарење и капење на Караниколичко езеро на 2200 метри надморска височина на Шар Планина

Околу 140 планинари успеаа да ја поминат патеката долга речиси 15 километри од Вешала до Караниколичко езеро на 2200 метри надморска височина на Шар Планина, а потоа и да се капат во овој живописен дел на Шар Планина.

22/07/2019
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Околу 140 планинари успеаа да ја поминат патеката долга речиси 15 километри од Вешала до Караниколичко езеро на 2200 метри надморска височина на Шар Планина, а потоа и да се капат во овој живописен дел на Шар Планина. Во организација на планинарскиот клуб Тетекс во неделата од Вешала на 1256 метри надморска височина започна искачувањето кон Караниколично Езеро долго 4 часа во еден правец.

-Скоро сите што стигнаа до Караниколичко Езеро посакаа и се капеа.  Патеката од Вешала беше долга речиси 7,5 километри во еден правец и во летни услови кога е топло со високи температури  голема е желбата за разладување и релаксирање во вода.  Секако тоа планинско езеро има драстично пониска температура и од воздухот и вообичаено од другите езера. Сепак со постепено прилагодување и адаптирање се исполни желбата за планинарење и капење на 2200 метри надморска височина. На езерото се седеше до кај 15 часот кога се трга назад кон Вешала, изјави Снежана Новаковска од ПК Тетекс.

Во август планинарскиот клуб Тетекс организира искачување до врвот Кобилица на 2528 метри  надморска височина како и на Титов врв на 2747 метри.

 

 

 

Тагови: 220 мнвискачувањекапењекараниколичко езеропк тетекспланинарење

Поврзани објави

Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Следна објава

Возеле без возачки дозволи и направиле сообраќајки

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.