• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Планинарскиот дом Љуботен одбележа 90 години – реновиран е за да биде засолниште и за идните генерации планинари

20/06/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Со пригодна манифестација планинарскиот клуб „Љуботен“ одбележа девет децении од постоењето на нивниот планинарски дом кој се наоѓа на 1620 метри надморска височина под истоимениот врв на Шар Планина. Воедно ова беше прилика да се означи и крајот на петгодишното реновирање на домот со што објектот доби нов покрив, уредување на поткровјето со легла за преноќување, како и изградба на нови пет бунгалови.

Одбележувањето започна во раните утрински часови во саботата со планинарска тура од Старо село до домот Љуботен на која учествуваа домаќините, претставници на други клубови и рекреативци.  Патеката од околу осум километри по земјен пат и шумски предел се поминува за 2,5 часа пешачење. По пристигнувањето и освежувањето, следуваше разгледување на обновениот дел од планинарскиот дом, кој бил почнат да се гради во далечната 1931 година.  Поставена беше и изложба на фотографии преку кои посетителите можеа да ги видат историските случувања поврзани со домот во изминатите девет децении.

-Некој направил нешто, денес ние го чуваме и го реновираме, и го градиме,за да генерации после нас го наследат и одржуваат. Тој пример ни го дале генерацииите пред нас. Ние сега го чуваме за да го пренесеме на следните генерации. Тоа е нешто што нас ни дава волја како членови на планианрскиот клуб „Љуботен“ да работиме и да се бориме со оние предизвици кои се пред нас, истакна во пригодното обраќање, претседателот на клуб Јован Божиновски.

Тој потсети на заложбите на прерано починатиот професор Љупчо Меловски (1958-2019) од Македонско еколошко друштво и неговиот придонес во иницијативара за обнова на домот како и напорите за прогласување на Шар Планина за национален парк.

Претседателот на Федерацијата на планинарски спортови, Јовица Угриновски порача дека најзначајно е што многу љубов и труд се вложува за да постои и опстои овој дом кој е засолниште на планинарите од непогодните временски состојби.

-Ова што го гледате пред вас, колку материјал има внесено внатре, гледате дрво, цигли, камен. Дали забележивте уште две состојки за да ова добие ваков изглед. Главниот материјал е труд и љубов. Дрво може да скапе, цигла може да се распадне меѓутоа љубовта е вечна, истакна Угриновски.

За обнова на домот поддршка клубот имал освен од Македонското еколошко здружение (МЕД), од Германската корпорација за меѓународна соработка (ГИЗ) и Проект за зголемување на пазарната вработливост ИМЕ на Швајцарската агенција за развој и соработка.

-Развојот на туризмот и заштитата на традицијата не е едностран, туку заеднички напор на повеќе засегнати страни. Ни беше задоволство и чест да ги здружиме силите за оваа активност со други донатори и здруженија  Бидејќи тоа е иднината на туризмот во која веруваме и се залагаме – активен, отворен, одржлив за планетата, локалната култура и традиција, како и за локалната економија. Бујниот потенцијал на планината Шара за активен туризам може да биде инспирација за сите нас да бидеме одговорни посетители или одговорни даватели на услуги во туризмот. Мојата главна порака денес е „Дозволете ни да уживаме во раскошот што оваа планина го нуди за своите посетители, но единствената трага што ја оставивме зад нас по нашата посета треба да бидат нашите стапалки во земјата“, истакна Клиф Хамер, регионален советник за инфраструктура и животна средина во амбасадата на Швајцарија.

Обновата на најстариот планинарски дом во Македонија е започнат кон крајот на 2015-тата година.

-Почнавме со тоа што целосно се извади стариот покрив и се направи комплетно нов. Така се создадоа услови поткровјето кое не беше во функција, сега да може да се користи. Потоа се работеше на надворешноста со промената на фугата помеѓи камењата од ѕидовите кои остааа и ја доловуваат автентичноста од 1931 година. Од позади се доградија тоалети за катот горе, затоа што до сега имаше само на приземје тоалети. Се променија прозорци и врати. Откако се направи тоа се прејде на бунгаловите, се рушија старите и се направија нови со тоалети, тушеви и кревети, објасни претседателот Јован Божиновски.

Сега веќе обновениот дом има улога на сместувачки капацитет каде може да се преноќи.


-Последна работа беше поткровјето да се стави во функција. Се поставија нови скали за се стигне од приземјето до катот и потоа до поткровјето. Во поткровјето се поставија 20 легла, како уште 10 во петте бунгалови. Во собите на првиот кат, кои следно ќе се реновираат, ќе има уште 25 со што вкупниот број ќе биде 55 легла, потенцира Божиновски.


Иницијатор на изградбата на домот во 1931 година бил тогашниот градоначалник на Тетово, Орестие Крстиќ, кој воедно и бил претседател на  тогашното тетовско туристичко друштво „Шар Планина“, сегашен планинарски клуб „Љуботен“.

А.С

 

Поврзани објави

Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Вести

Продолжуваат акциите за подигање фрлени отпадоци на Шар Планина

02/06/2023
Следна објава

За шест часа 63 казни за пребрзо возење во Тетово и Гостивар

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!