Планинарскиот клуб „Јелак“ од Тетово започна со серија на предавања наречени „Основи за планинарење“. Лиценцирани водичи во планинина и маркацисти ќе ги држат предавањата кои се наменети освен за членови на клубот и за останатите заинтересирани граѓани кои сакаат да стекнат основно теориски познавања за планинарењето.
-Ова е голема можност поикустните планинари да споделат искуства и теорија кон помладите но и за сите кои сакаат да се запознаат со основите за планинарење. Се предаваат основите теми за движење во планина, како што се ориентација, мапирање, маркирање и маркација на патеки. Ги запознавме присутните со планирење во зима и опасноти од зимски услови и лавини. Ќе продолжиме со предавања за планинарската опрема и опасностите во летни услови и други теми, изјави Борис Стојановски, претседател на ПК „Јелак“.
Предавањата се одржуваат во просториите на невладината организација Лоја. Сите предавање се најавуваат на профилот на ПК „Јелак“ на социјалните мрежи.
ас