• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Погребувањето и наоѓањето гробно место предизвик за православните верници во Тетово

Капелата се уште не функционира. На новата локација во Фалише гробовите обраснати во трева.

30/07/2019
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Кога некој ќе почине во Тетово покрај со тагата, блиските од семејството се соочуваат со вистински предизвик околу погребувањето поради комплексната состојба со православните гробишта во градот.  На гробиштата кои се наоѓаат помеѓу населбите Поток и Дреновец одамна нема ниту нови ниту стари слободни места за погребување. Постојат одреден број стари гробови на семејства кои не живеат во Тетово, па тие од човек на човек со документи де факто се предаваат како подарок, но де јуре се продаваат.  Во неофицијални разговори со жителите на Тетово станува збор за износи и од илјадници евра.

Од 2007 година како нова локација за православните гробишта, поради недостигот на слободни места, е одредено државно земјиште во селото Фалише кое е на 5 километи од градот.  Сепак тоа место се избегнува од жителите на градот поради неуреденоста и непостоењето основна инфраструктура.  Околу земјиштето е поставена само ограда, кратка патека со бехатон плочки, има импровизирана чешма и еден контејнер.

Најчеста слика таму се стотината гробови кои се обраснати со трева.  Во периодов израснатите диви растенија и трева се толку високи што не ми може да се пристапи до гробовите. Луѓето треба прво со раце или со некој предмет да ги тргнат или откорнат растенијата  па да поминат и пристапат до надгробните споменици.  Некои од луѓето дури и се откажуваат да пристапат до гробовите плашејќи се да не наидат на змии, па се откажуваат од намерите. Има примери и на семејства кои самите го уредиле просторот колу надгробниот споменик на нивниот починат роднина.

-Ова е една ливада и ништо повеќе. Ниту има каде да се засолнат луѓето сега од сонцето и топлото. Нема ниту тоалет, далеку од достојно е ова место, велат луѓето кои ги затекнавме на гробиштата за посета на гробовите на починатите.

Дел од семејствата кои имаат починати, поради ваквата ситуација се обидуваат решението да го најдат со погребување во други села во тетовската околина.

Дополнителен проблем за тетовци е што не постои  и капела па починатите пред  погребот се чуваат дома. Објектот за капелата почна да се гради во 2015 година. Четири години подоцна објектот од надвор наликува дека е готово.  Луѓето кои живеат во непосредна близина тврдат дека комплетно е завршен, но се уште не се пушта во употреба.

-Донесени беа коморите за чување на починатите лица.  Поставуваа и клима уреди. И толку, друго не сме виделе, велат соседите.

Гробиштата и капелата ги раководи јавното комунално претријатие Тетово. На прашањата упатени до нив зошто не се уредени гробиштата одговорија дека работат според можностите. За прашањето кога би се пуштила во употреба капелата не упатија да побараме одговор кај повисоките инстанци во општина Тетово.

-Во програмата за работа имаме предвидено динамика за да се опслужуваат гробиштата кај Фалише. Ние секојдневно добиваме повици и барања од граѓаните дека има потреба да се интевенира таму. Како комунално претријатие ќе се обидеме излеме во пресрет на жителите и да почесто да се врши средување, косење на тревата и слично. Сепак тоа ќе биде во рамки на можностите и средствата со кои располагаме, информираат од ЈКП Тетово.

Како во неколку наврати досега од комуналното претријатие најавуваат дека следна фаза која се планира за да се работи на гробиштата во Фалише од инфраструктурен значење е соодветна надстрешница за да имаат луѓето каде да се засолнат од сонце и дожд како и да извршат одредени подготовки околу спроведувањето на верските обичаи и ритуали при погребите или посетите на спомениците потоа. Според нив ќе има 100-тина квадратни метри покриен простор од кои 80-ти квадрати ќе би оспособен за потребите на семејствата.

Дали е изградена капелата со сите неопходни елементи како ладилник, простор за покојник и слично, дали е извршен технички прием на објектот, кога и како ќе почне да се користи и дали ЈКП Тетово  понатаму ќе раководи со истата или ќе има промена на правниот субјект, беа прашањата кои ги упативме до општина Тетово од каде е добиен одговор само за едно од нив.

-Капелата во употреба ќе биде пуштена штом се направи технички прием на истата од лица надлежни по ова прашање , со оглед на тоа дека истата е готова и се доработуваат деталите, гласи одговорот од канцеларијата за комуникации и односи со јавност и комуникации при општина Тетово.

Мештаните во близина на старите гробишта го потенцираат и проблемот со постојаното собирање на смет. Местото е прометно па луѓе од разни места низ градот поминувајќи оставаат отпадоци но и градежен шут, кабаст отпад и слично.

Александар Самарџиев

Тагови: гробиштакапелафалише

Поврзани објави

Вести

Жителите на Тетово бараат трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња

18/01/2023
Теми и интервјуа

Евентуалната дислокација на објектите ќе предизвика хаос со игрите на среќа

02/01/2023
Теми и интервјуа

Надир Мурсели: Планинарењето почнува и треба да заврши дома, да се вратиш здрав и жив

31/12/2022
Теми и интервјуа

Во Тетово ретко се почитува Законот за заштита од пушењето, се пуши и во болнички простории

18/12/2022
Теми и интервјуа

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа 55 победи во 2022 година

12/12/2022
Теми и интервјуа

Пензионираниот доктор Џеки со мини-амбуланта во автомобилот, брзата интервенција спасува живот

04/12/2022
Следна објава

Оштетено возило од заскитан куршум среде Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.