Полициски службеници при СВР Тетово денес на 50-тина жени учеснички во сообраќајот при вршење контрола им доделија подароци во пресрет на утрешниот Меѓународен ден на жената 8-ми март. Заедничките активности под мотото „Жените возат одговорно“ по повод празникот претставуваат соработка на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Отсекот за превенција на СВР Тетово.
-Заедничките активности беа реализиран на околу градските плоштади во Тетово и Гостивар. На учесничките во сообраќајот им беа врачени пригодни празнични подароци, цвеќе, маски за лице, миризливи освежувачи за возила и друго, во знак на почит и благодарност за нивниот придонес во напорите за поголема безбедност на сообраќајот на тетовско-гостиварското подрачје, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Активностите се дел од планираните превентивно-едукативни проекти на СВР Тетово и ќе се реализираат во првата половина од оваа година.
А.С