• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 9 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Подобро за Тетово: Болницата да биде ослободена од партиско раководство, никој да не биде поштеден при истрагата

16/09/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Претставници на граѓанската иницијатива „Подобро за Тетово“ денес кај модуларната болница одржаа прес-конфренција од која порачаа дека осум дена по трагичниот настан во кој 14 пациенти ги загубија животите се уште нема никакво конкретно преземање на одговорноста за тоа. Според нив досега само се врши дебата која се однесува на прифаќањето или неприфаќањето на оставките.

-Ова претставува намерно тактизирање со цел релативизирање на состојбата, преку која се обидуваат да ја избегнат одговорноста.Ова што се случи во Тетово е само врвот на ајсбергот (мразот н.з) и е доказ на криминалот кој е вкоренет во државните структури. Ова болница со години нананзад е во мизерни услови, со нечовечки услови, со хигиена и безбедност вон сите стандарди, и сето ова како последица на заложништвото од страна на политичките партии.  Самиот факт што меѓу жртвите има и членови на семејствата кои биле приморани да се грижат за нивните блиски, претставува уште еден криминален чин за кое Обвинителството треба да бара кривична одговорност од раководството на болницата. Со ова, треба да се стави крај на раководењето на тетовската болница од страна на партиски кадри, бидејќи партизираното здравство ќе продолжи да создава трагични настани како овој настан. рече Хамди Сулејмани од „Подобро за Тетово“.

Тој вели дека правдата во државата многу пати не е задоволена поради притисокот, корупцијата и заканите.

-Нашето барање за одговорност  за 14-те жртви во никој случај не треба да се смета како политизација на трагедијата. Истрагите треба да се спроведат без да се поштеди било кој и без разлика на нивната државна или политичка позиција. Нула толеранција за културата на неказнивост. Доста е, бидејќи злобата зеде преголем замав. Во спротивно, реакцијата на тетовчаните ќе биде многу остра.  Да го направиме Тетово град со безбедна и функционaлна болница за сите, истакна Сулејмани.

Тие оставија транспаренти со пораки – Неодговорноста има име,Корупцијата убива-се виде, Доста за партиски директори во нашата болница и други.

ас

 

Поврзани објави

Вести

Ангел Карапетров : Надминати правните прашања за капелата, до 1-ви септември очекуваме да почне со работа

08/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: Нашата заложба за модерно, европско Тетово нема да престане

08/08/2022
Вести

Одбележани 21 година од убиството на десет бранители кај Карпалак

08/08/2022
Вести

Осветен параклис посветен на Света Петка во Лешок

08/08/2022
Вести

СДСМ Тетово: Разговараме со граѓаните за подобрување на инфраструктуратa, празната реторика ја менуваме со вистиски дела

08/08/2022
Вести

Влатко Ѓорчев : Приемот меѓу луѓето е одличен, а тоа гарантира победнички резултат на ВМРО ДПМНЕ

08/08/2022
Следна објава

Во Тетово протестен марш поради пожарот во модуларната болница и 14-те починати пациенти, дел од учесниците насилни кон полицајците

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.