Граѓанската иницијатива „Подобро за Тетово“ која учествува на изборите со кандидати за советници преку прес-конференција реагираше тоа што во градот се менуваат автобуските постојки за градскиот превоз среде изборна кампања.
-Среде изборна кампања за помалку од девет месеци се менуваат грдите автобуските станици во нашиот град. Без да навлеземе во сомнежите за високата цена, речиси пет пати повеќе од реалната вредност општината со аматерскиот пристап за овој проект за изгуби можноста да остави белег на град со урбан шмек. Не разбираме зошто со нашите пари од даноци треба два пати да градиме автобуски станици и тоа во тек на предизборна кампања. Зошто оваа злоупотреба на народните пари за изборна кампања. Која е цената која плаќаме, дали имаше конкурс за идејно решение, зошто општината прави недовршени површни работи наместо да има сериозен пристап. Затоа бараме отчет и транспарентност, денес сме пред вас со тим од луѓе со докажан интегритет и професионалци дека со новиот совет ќе му дадеме нова насока на Тетово, изјави Нгадњим Мехмети од иницијатива “Подобро за Тетово” и кандидат за советник.
Граѓанската иницијатива „Подобро за Тетово“ за изборите има програмска платформа од три главни столба- транспарентност и отчет, чиста животна средина и зелени површини и град со одржливо урбано планирање.
ас