• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 28 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

„Подобро за Тетово“ : Немаме побарано да прекинат градежните работи на улица „Страшо Пинџур“

20/04/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Граѓанската иницијатива „Подобро за Тетово“ реагираше на соопштението на Општина Тетово и потенцираат дека тие немаат побарано да прекинат градежните работи на улицата „Страшо Пинџур“ . Тие објаснуваат дека како советници немат ниту  една извршна функција во општина Тетово, па затоа немаат механизми за запирање или продолжување на работата во градот.

-„Подобро за Тетово“ нема побарано забрана за работа на улицата „Страшо Пинџур“, одлуката за стопирање на работите е самоволна и е еднострана одлука на раководството на Општина Тетово. Во својата досегашна работа„Подобро за Тетово“ секогаш се водела од интересите на граѓаните и принципот на конструктивен придонес. Така, ги ставивме нашите капацитети во служба на Општината за изнаоѓање решенија за проблемите со кои сите се соочуваме. Понатаму, не сме побарале размена на работни места или услуги за работата што ја работиме. Додека нашите советници редовно ги донираа своите плати за проекти за доброто на градот. Ова се убедливи докази за нашиот позитивен пристап кон Тетово и неговите жители, велат од иницијативата.

Потоа велат дека нивната вчерашна реакција е поврзана со загриженоста на граѓаните за штетите по животната средина и нетранспарентниот начин на работа.

-Јавно ја изразивме нашата загриженост, а заради транспарентност побаравме појаснување. Раководството на општината јавно вети дека ќе престане со непотребното сечење дрвја и ќе изнесе елаборати кои ја оправдуваат потребата од сечење други. Ја потсетуваме пошироката јавност дека новото раководство на општината се заколна дека животната средина и транспарентноста се главните столбови за кои се залагаат. Но, вчерашната акција и самоволниот прекин на работата денес го докажуваат спротивното. Го повикуваме општинското раководство да го надмине деструктивниот менталитет, да остане доследен на предизборните ветувања и пред се да ги стави интересите на граѓаните на прво место. Фабрикувањето спорови на штета на граѓаните за политичка корист е неразумно и се поклопува со менталитетот од минатото за кој тетовци се надеваа дека нема да се повтори, истакнуваат од „Подобро за Тетово“.

За да се избегне манипулација со јавноста, тие го повикуваат раководството на Општината да изнесе докази ао која нивната иницијатива бара прекин на работите на улицата „Страшо Пинџур“

Поврзани објави

Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Следна објава

Граѓани кои немаат извод на родени тешко може да добијат ваков документ и покрај новиот закон за лица без документи за идентификација

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.