• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 28 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Пожарникарите добија ново ветување од Теута Арифи за реализирање на нивните барања

24/12/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовските пожарникари денес информираа дека оствариле средба со градоначалничката Теута Арифи на која е договорено општината да ги исполни барањата.  На средбата биле претставниците на синдикатот на пожарникарите, градоначалничката и раководителите на тетовската територијална противпожарна единица.

-Договорено е да разликите во проценти да се нивелираат согласно општиот и колективен договор како и да се додаде графа за прекувремена работа. Градоначалничката беше согласна и даде збор дека ќе издејствува во новиот буџет за 2021 за општина Тетово да ги внесе сите предвидени обврски за додатоци за работа ноќе, прекувремена работа и да се исплаќа храна за работа ноќе, изјави Горан Ристевски, претседател на гранковиот синдикат при независниот синдикат на државата администрација.

Пожарникарите истакнаа дека ќе чекаат до понеделник да видат дали ќе биде реализирано ветувањето на градоначалничката.

-Во понеделник има седница на Совет околу буџетот на општина Тетово. Бргу ќе се дознае дали зборот е збор. Сметам дека е понеделник е денот  Д и се надевам дека ние ќе биде уверени дека работодавачот ќе ги исполни нашите барање. Мора да помине на Советот за да се овозможат средтсва за исплата, во понеделник ќе знаеме дали ќе има протести или не, истакна Ристески.

Во делот на досегашните судските постапки треба да има повторна средба и наоѓање начин за исплата.

-Остана да го регулираме овој проблем до 30 декември како синдиакти ќе направиме разговор со членовите на синдикатот за да видиме што понатаму. Координативно тело на синдикалната организација ќе одлучи дали ќе продолжиме со протестите кои се во мирување, рече Ристевски.

Пожарникарите одржаа протести во петокот и понеделникот во кругот на тетовската територијална против пожарна единица, поради неисполнетиот договор од страна на општината и градоначалничката во јуни 2019 година.

А.С

Поврзани објави

Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Инфо компас

Во недела од 3 до 9 наутро нема да има струја поради работа на трафостаница

28/09/2023
Вести

Во Једоарце се празнуваше Крстовден

27/09/2023
Вести

На регионалниот пат Тетово-Јажинце ќе има семафори поради градежни работи

27/09/2023
Вести

Општина Тетово: Над 45.000 учебници недостасуваат во тетовските училишта

27/09/2023
Следна објава

УЈИЕ бележи академска година со раст на упис на нова генерација студенти

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!