• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 24 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Пожарот локализиран и под контрола, се уште чади, пожарникарите ќе дежураат цела ноќ таму

30/05/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

И во вечерните часови пожарникарите работат на целосно ликвидирање на пожарот во Тетово , кој во текот на денот беше ставен под контрола и локализиран.

Огнот започна во големата управна зграда на поранешната фабрика „Македонија Табак“ и зафати два соседни објекти каде приватна фирма сега произведува и складира градежни материјали.

Пожарот беше ставен под контрола и локализиран само во управната зграда, додека на останатите два соседни објекти е целосно изгаснат.

-Огнот во текот на денот е локализиран и ставен под наша контрола.Сега вечерва уште има чад затоа што целата покривна конструкција од големата зграда изгоре и падна. Имаме големи количини на изгорени материјали кои тлеат и затоа се уште има чад и ќе има и во текот на вечерта. Затоа цела ноќ е предвидено да дежураме за да се избегне опасност повторно да се разгори огнот.  Ова беше еден од најголемите пожари во мојата кариера и сме фрлиле неверојатно големи количини вода, изјави командантот на тетовската пожарна Ука Алити.

Пожарот утринава избувна околу 9 часот и 30 минути. 

-Пожарот е под целосна контрола благодарение на силната интервенција на противпожарните единици од Тетово, Скопје, Куманово, Гостивар, Кавадарци, благодарение на армискиот и полицискиот хеликоптер, но и вработените и други граѓани кои помогнаа во пренесувањето на горливата материја со виљушкари, изјави Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

Според Ангелов испитување на воздухот направила единица на Армијата која анализира атомско-биолошка-хемиска опасност.

-Ннема опасни гасови во воздухот, отровни гасови. Извршија испитување на воздухот во околината и состојбата од аспект на отровни гасови е безбедна. За секој случај очекуваме дополнително испитување бидејќи има мала веројатност за отровни гасови која можеби нема можност да детектира, но потсетувам имаат врвна опрема од Америка, изјави Ангелов.

Двајца полесно повредени пожарникари, како и неколкумина кои вдишале чад се последиците по луѓето кои работеа на гасење во пожарот. Од Центарот за јавно здравје Тетово препорачаа болните лица и децата да не излегуваат од дома ако немаат потреба или да носат заштитна маска КН 95.

Поврзани објави

Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Инфо компас

Повик до граѓаните за присуство на едукативна здравствена работилница за превенција на мозочен удар

24/03/2023
Следна објава

„Тетово сака парк“: Тетово живее во постојана еколошка катастрофа

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.