Од 9.30 часот започна пожарот во „Македонија Табак“, засега има десетина луѓе кои побарале помош поради чадот. Поради пожарот и загадување на воздухот Секторот за образование одлучи сите ученици да не одат на настава овие два дена.
-Апелирам до сите граѓани да остануваат дома, да не излегуваат ако немаат никаква работа,не дека е критично, но поради загадување на воздухот да останат дома, да видиме што ќе се случи. Ние со пожарникарите сме на терен. Тие работат да го блокират загадувањето на воздухот, да го локализираат пожарот, изјави Бесар Дурмиши од Совет на Тетово.
Тие побарале помош од Општина Гостивар и Општина Скопје.
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов од местото на пожарот во Тетово инфомираше дека добиени се хеликоптери од МВР со чија помош се истури вода на објектите од „Македонија Табак“ каде има пожар од 9.30 часот утринава. Се уште се работи на локализирање на пожарот. Од страна на ЦУК се активирани сите надлежни институции.
-Имаше прашања зошто порано не сме дејствувале со пожар, не дејствуваме пред се поради две причини бидејќи објектот има покрив, а под покривот има плоча. Колку и да фрла хеликоптерот вода, водата неможе да продре преку покривот и плочтата. Хеликоптерот го употребивме тогаш кога проценивме дека може да помогне во сечење на линијата на пожарот за да продолжи неговото ширење. На одредено растојание околу стотина метри од местото каде што е пожарот наверојатно има садови со експлозив, со експлозивни гаосви, односно плин или други деривати на плинот. Наша цел е пожарот да го прекинеме неговото ширење и сметам дека тоа веќе успешно се прави, потенцира Ангелов.
На местото на пожарот командува командирот на ТПЕ од Тетово и целата координација се одвива со него, соопшти директорот. Според него хеликоптерот е ангажиран по барање на тетовската пожарна.
-Инаку фрлање на вода од хеликоптер директно врз оганот додека тој беснее може на ваков пожар да направи контра ефекти и уште повеќе да го разгори, односно да го рашири пламенот на соседните згради. Затоа хеликоптерот исклучително прецизно беше употребен за сечење на пожарот, рече Ангелов.
Покрај ТПЕ од Тетово има цистерни од Скопје, Гостивар и по потреба од друг градови. Воедно побарана е поддршка и од АРМ.
-Покрај војниците од тетовската касарна на пат кон Тетово е и тимот од радиолошко хемиска биолошка заштита, кои можат да направат едно првично испитување на воздухот, но воедно од страна на ЦУК се упатени барања до врвни стручњаци и институции коишто ќе направат детална анализа на воздухот, изјави Ангелов.