• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 1 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Пожар избил во куќа во Порој поради оџакот-од 40 интервенции во јануари 13 биле на запалени оџаци

Минатата 2019 година од вкупно 700 интервенции 78 биле поради запалени оџаци.

20/01/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Вчерашниот пожар во оџак во куќа во тетовски Порој бил 13-тиот на кој за овие 20 денови јануари интервеницирале тетовските пожарникари. Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна единица за кусо време пожарот е локализиран и нема повредени.

-Цел месец гасиме претежно пожари на оџаци и запалени контејнери. Досега во јануари од вкупно 40 интервенции 13 биле на оџаци. Минатата 2019 година сме имале вкупно 700 интервенции од кои 78 биле поради запалени оџаци. Контејнерите се палат од оставање на недогорени дрва, односно пепел каде има жар, објаснува Ука Алити, командант на тетовската пожарникарска единица.

Ниските температури последниве десетина дена ја интензивираа грејната сезона и на поширокото полошко подрачје, а со тоа се зголемија и ризиците од избувнување пожари, пред сѐ, како резултат на човечко невнимание, стари и дотраени електрични инсталации, неисправни печки и навреме неисчистени оџаци во куќи или станбени згради.

Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека пожарите претставуваат кривично дело „предизвикување на општа опасност“, за кое е  предвидена затворска казна од една до пет години, зависно од околностите и крајните последи.

А.С

Тагови: оџаципожари

Поврзани објави

Вести

Полицијата „растури“ со казни за брзо возење-164 казнети од 10 до 15 часот

01/10/2023
Вести

Се одржи јубилејниот 20-ти карате турнир „Тетово опен“- учествуваа над 550 каратисти 

01/10/2023
Вести

Љубовта кон фолклорот се пренесува со генерации – концерт на КУД „Бранко Чајка“ Тетово по повод 30 години јубилеј

01/10/2023
Инфо компас

Од 3 до 9 часот повици до пожарната да се прават на бројот 076233275

30/09/2023
Вести

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово: Литературата ги надминува националните граници

30/09/2023
Вести

Во Тетово утре ќе се одржи јубилејниот 20. карате турнир „Тетово опен“

30/09/2023
Следна објава

Со возило оштетил две бандери во тетовско Долно Палчиште

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!