• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Полициски час : Нападнат вработен во ЈКП Тетово, пијан 39 годишник агресивен кон полицајци

14/04/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Tетовската полиција бележи физички напад и нарушување на јавен ред и мир во време на полицискиот час. При тоа две лица се приведени во полициска станица. Нападнат е вработен на комуналното претријатие.

-Вчера во 17 часот и 40 минути, Ј.Ј.(42) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека во близина на крстосницата на улиците „Киро Ристевски-Дрнц“ и „Ѓорче Петров“ во Тетово бил физички нападнат од 53-годишниот Д.В. од тетовска Брвеница. Пријавениот Д.В. лишен е од слобода и задржан во Полициската станица Тетово, соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Вечерта околу 21 часот е приведен е 39 годишник кој бил пијан и не сакал да се легитимира пред полицајците.

-Пријавено било дека на улица „29 Ноември“ во Тетово бил нарушен јавниот ред и мир со пуштање гласна музика, од страна на 39-годишниот тетовец А.К. и уште две лица. Тројцата, во алкохолизирана состојба, одбивале да се легитимираат, а А.К. се однесувал  агресивно кон полициските службеници, поради што бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово, истакна Јосифоски.

За приведените ќе следат соодветни поднесоци меѓу кои и пријава за непостапување според прописи за време на пандемија според членот 206 од кривичниот законик.

А.С

Поврзани објави

Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Следна објава
здравство министерство

Еден нов случај на заболен со КОВИД-19 во тетовскиот регион

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.