Тетовската полиција во два случаи во текот на вчерашниот ден заплени над 2000 парчиња пиротехника. СВР Тетово овие средства ги откри во рамки на планираните активности за справување со нелегалната продажба на петарди и други пиротехнички средства.
-Вчера околу 20 часот и 40 минути во колонијална продавница во тетовско Долно Палчиште, сопственост на 58-годишниот Т.Р. од ова село пронајдени и одземени се 1380 разновидни петарди. Претходно, околу 18 часот и 20 минути на градскиот плоштад во Тетово, во жардињера пред угостителски објект биле пронајдени 691 петарда, оставени во најлонско ќесе. По целосно расчистување на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
СВР Тетово работи и во рамки на превентивните активности и ја спроведува кампањата „Не користи петарди и пиротехнички средства“
ас