Тетовската полиција информира дека во контрола со инспектори во обложувалници откриени се лица кои немале сертификат за вакцинација.
-Полициски службеници на СВР Тетово, во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, денеска 25 декември од 13 часот спровеле акциска контрола во две спортски обложувалници во тетовските села Милетино и Радиовце, во кои вкупно биле легитимирани 8 лица.Две од легитимираните лица од Милетино и од Радиовце, на возраст од 31 година, непоседувале сертификат за примена вакцина,информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
По целосно документирање на случајот против двете лица и објектите-правни лица ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.
ас