• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 28 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Половина од јануари со над 50 микрограми на кубен метар од штетните ПМ10 честички

Уште во јануари Тетово помина 15 денови со зголемена среднодневна концентрација на отровните ПМ 10 честички, иако во една календарска година според светските здравствени стандарди не треба да има повеќе од 35 денови со загаден воздух. Од 1 до 16 јануари само на 5 и 6 јануари имало помалку од дозволените 50 микрограми на кубен метар од штетните ПМ10 честички.

17/01/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Уште во јануари Тетово помина 15 денови со зголемена среднодневна концентрација на отровните ПМ 10 честички, иако во една календарска година според светските здравствени стандарди не треба да има повеќе од 35 денови со загаден воздух. Од 1 до 16 јануари само на 5 и 6 јануари имало помалку од дозволените 50 микрограми на кубен метар од штетните ПМ10 честички.

Претежно сите овие денови од јануари неповолните временски услови маглата и отсуство на ветер е една од повеќето причини концетрацијата на ПМ10 честичките да биде над дозволените граници објаснуваат стручните лица.  Од друга страна на во планинските предели на Шар Планина и Попова Шапка има обратна ситуација-сончево време и чист воздух.

-Периодов имаме температурна инверзија која е присутна со појава и задржување на магла во низинските делови на котлините каде има ниски темпертаури и повисоки темпертури во планинските предели. Како последица на температурна инверзија и магла се зголемува концентрацијата на ПМ 10 честичките зошто нема природно прочистување. Нема природна вентилација односно нема ветер и затоа е долготрајно задржувањето на честичките. Со тоа се влошува состојбата и маглата ги притиска и не дава на ПМ10 честичките да се движат. Тепмературната инверзија е причина за условно речено „дотур“ на ПМ10 честички, вели д-р Ратко Давидовски, специјалист по здравствена екологија при Центарот на јавно здравје во Тетово.

Во 2019 година Тетово имаше 88 денови чист воздух, 120 со загаден и 157 беа без податоци затоа што инструментот за РМ10/2.5 од мерната станица беше однесен за калибрација во Австрија.

А.С

 

Поврзани објави

Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Инфо компас

Во недела од 3 до 9 наутро нема да има струја поради работа на трафостаница

28/09/2023
Вести

Во Једоарце се празнуваше Крстовден

27/09/2023
Вести

На регионалниот пат Тетово-Јажинце ќе има семафори поради градежни работи

27/09/2023
Вести

Општина Тетово: Над 45.000 учебници недостасуваат во тетовските училишта

27/09/2023
Следна објава

Одбележан Водокрст во Тетово, осветениот крст во рацете на Томислав Несторовски

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!