• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 4 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Полошките општини имаат 12 милиони швајцарски франци за да ги уредат реките и спречат поплави

01/04/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во центарот на општинскиот центар Боговиње започнаа градежни работи за санација на 1,2 километри дел од Боговињска река, дел од проектот со странски донации за подобрување на отпорноста од поплави во Полошкиот регион. Чистење на речните корита и нивна санација ќе се прави во сите девет полошки општини при што целта е управување на ризиците, а не со последиците од природните катастрофи.

Проектот „Подобрување на отпорноста кон поплави во Полошкиот регион“ е финансиран од Амбасадата на Швајцарија, а имплементиран Програмата за развој при Обединетите Нации УНДП во партнерство со Министерството за животна средина и општините од Полошкиот регион.

Швајцарската амбасадорка Вероник Улман на денешниот настана во Боговиње истакна дека Северна Македонија, слично како и нејзината земја, се држави изложени на ризици од катастрофи, особено од поплави и затоа е важна превентивата.

-Полошкиот регион, како најизложен во земјата, во минатото се соочи со трагични поплави кои во 2015 година однесоа човечки животи, уништија патна инфраструктура и куќи и имоти“ „Овие трагични настани ги покажаа слабостите на системот за управување со поплави, неефикасната координација меѓу институциите, несоодветната легислатива и слабиот систем на рано предупредување. За подобрување на овие состојби во 2017 година го почнавме овој проект, со цел да развиеме интегриран систем за управување со поплавите и други катастрофи“, изјави амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман

Задоволство од тоа како се одвива реконструкцијата на речното корито на Боговињска река во должина изрази постојаниот претставник на УНДП.

-Оваа комплексна операција ќе заврши кон крајот на годината и ќе ја подобри отпорноста на заедницата кон поплави, а на жителите на Боговиње ќе донесе одржлив општествен и економски раст. Заедно со донаторите и партнерите работиме на интегриран пристап за пдообрување на отпорноста на Полошкиот регион кон поплави и други катастрофи, помагаме во изработка на планови и работиме на инфраструктурни проекти во деветте општини кои претрпеа сериозни штети во поплавите од минатите години“, изјави Армен Григорјан, Постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини порача дека не можеме да го спречиме доаѓањето на поплавите, но можеме да се подготвиме што подобро за да ги минимизираме штетите.

– Со помош на донаторите, Министерството за животна средина и Владата прават максимални заложби да им помогнат на општините да ги зајакнат капацитетите за заштита од поплави. Идната недела ќе почнат и градежните работи за спроведување на мерки за структурна и биоинженерска заштита од поплави во село Шипковица во општина Тетово, за кои Министерството за животна средина и просторно планирање обезбедува кофинансирање од 49% од вкупниот износ “, изјави министерот.

Боговиње како центар на рурална општина во чија средина поминува реката ќе има помалку опасност од поплави, рече градоначалникот.

-Ова е значаен ден за општина Боговиње. Санацијата на реката која минува низ центарот на општината за жителите ќе донесе поголема безбедност, заштита на животите и имотите во случај на поплави, но и нормално секојдневно функционирање како одење на работа, на училиште, на лекар или извршување на земјоделски активности“, рече градоначалникот на општина Боговиње, Бесник Емшиу.

Со цел воведување на систем за интегрирано управување со поплавите и други ризици (свлечишта, одрони, порои) согласно современите светски искуства обезбедени се 12 милиони швајцарски франци од Швајцарската влада.

ас

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Ненадејно денес почина тетовецот Наим Мемети, поранешен амбасадор во Данска

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.