• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
четврток, 18 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result





Home Вести

Попишувачите имаат проблем со интернет-конекцијата, 50-тина административци дополнително ќе се ангажираат

06/09/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски и заменикот Илми Селами денес беа во Тетово за да проверат како тече пописот во овој регион.  Нивната оценка е дека е дека и во работните часови од овој ден попишувачите успеваат да го спроведат пописот во голем број домаќинства, а пречка како низ целата држава е проблемот во прекините на поврзаноста на лап-топ компјутерите со интернетот.

-Денес не очекувавме во старт дека ќе имаме така интензивен ден бидејќи е работен во претпладневните часови се по работа и училиште и слично. Поголем интензитет очекуваме во попладневните часови, имавме и еден сеуште го имаме веројатно проблем со интернет конекцијата ама не е проблем со апликацијата туку со целата интернет мрежа во државата. Колку што сум запознаен Телеком работи на отклонување на овој дефект и мислам дека скоро да се тоа отклони да немаме проблем во работата, изјави Апостол Симовски.

Според директорот населението масовно го прифаќа пописот и немаме одвивање, а само мал број луѓе ги одбиле попишувачите.

-Има некои инцидентни случувања, меѓутоа и со тие луѓе ќе поразговараме на убав начин да ги убедиме дека пописот не е заради некого или за нив туку го правиме во интерес за граѓаните пред се. Мислам дека овој процес ќе биде успешно завршен на крајот и сите ќе се радува на крајот на септември и дека сме го завршиле овој процес  после цели 20 години. Многу малку инциденти случаи кои што се занемаралив број и таму првично е што ќе направиме е да поразговараме со овие луѓе да им објасниме што е целта на пописот и очекуваме дека нема да има проблем. Не би сакале во моменто попишувачот да го ставиме во таква ситуација, таму ќе отиднат нашите државни инструктори да им објаснат малку подобро и веруваме дека нема да има проблем и во тој дел. Сега за сега се многу малку инциденти случаи и малку на број, рече Симовски.

И во Тетово како низ целата држава недостигаат околу педесетина попишувачи за што се повикани луѓе вработени во администрацијата за кои овие неколку дена ќе се врши обука за да можат подоцна да почнат со работа.

-Досега немам ниту информација дека било кој од домаќинствата побарал посебни протоколи и било што друго. Она што знам дека сите наши попишувачи се обврзани и строго ги применуваат мерките кои се за заштита на населението. Ние мораме да водиме сметка за нашите граѓани и водиме сметка за себе бидејќи и ние сме луѓе. И апсолутно тука нема пардон за никого. Сите до еден мора да ги почитуваме овие мерки.  Ако било кој од попишувачите имал проблеми здравствени или имал во моментот не може да биде дел од овој процес бидејќи мора да биде во изолација. Ние процесот ни тече, не може да чекаме излегување од изолација,таков проблем немаме во моментот.  А во однос на бројот на попишувачи ќе го решиме брзо, тој е решен од администрацијата. Ќе треба следниве два три дена да направиме обука на овие луѓе, не може да ги пуштиме на терен без обука. Така да ќе се вклучат многу брзо во тој процес и нема да има непокриен дел, изјави Симовски.

За првиот ден од пописот директорот рече дека бил исклучително успешен ден, а бројката изнесува околу 92 илјади попишани лица.  

ас

 

Поврзани објави

Вести

МТСП: 20 aвгуст (сабота) е неработен ден за граѓаните на општините Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Тетово

18/08/2022
Вести

Д-р Ратко Давидовски : Со своето искуство, волја и знаење ќе дадам свој придонес за поздрав и почист град Тетово

18/08/2022
Вести

Унија на млади сили при ВМРО ДПМНЕ Тетово монтираше нови кошеви, се одигра и турнир во баскет

17/08/2022
Вести

Игор Здравковски: Во сабота потребно е сплотување на сите, за враќање на достоинство и подобра иднина на младите

17/08/2022
Вести

Тимчо Муцунски: Поддршка за Ангел Карапетров, време е тетовчани конечно да добијат проекти и промени какви што заслужуваат 

17/08/2022
Вести

Миле Лефков: Oвие луѓе покажаа дека знаат како да се работи во интерес на Тетово, гласајте за ВМРО ДПМНЕ

17/08/2022
Следна објава
бензин горива нафта

Се зголемуваат цените на нафтените деривати

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.