• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 9 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Поради блокираната сметка на Општина Тетово се уште нема надоместоци за членовите на избирачки одбори за локалните избори

22/12/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Поради блокираната сметка на Општина Тетово членовите на избирачките одбори и општинската изборна комисија се уште ги немаат добиено надоместоците за локалните избори кои беа на 17 октомври.  Станува збор за 1170 луѓе од 177 избирачки одбори и сите челнови на општинската изборна комисија Тетово.

-Нашата општина има блокирана жиро-сметка и како Општинска изборна комисија Тетово два пати испративме допис до Државната изборна комисија за да има исплата на надоместок на членовите на избирачките одбори и членовите на ОИК. Чекаме службено да не известат од Државна изборна комисија, изјави Назми Даути, претседател на ОИК Тетово.

Вакви проблеми на Општинските изборни комисии имало и порано па решението е во Министерството за финансии кое наоѓа начин да се изврши исплата на овие надоместоци.

-Ние испративме допис до Министерството за финансии каде се објаснува целата ситуација и се бара од нив решение, да се најде соодветен начин за исплата на надоместоците на членовите на избирачките одбори. Сме имале и порано вакви ситуации со други општини и тогаш помага Министерството за финансии согласно законските можности, изјави Адмир Шабани, портпарол на Државна изборна комисија.

За да се исплатат сите 1170 членови на одбори и ОИК за исплата се потребни 12 милиони и 200 илјади денари.

ас

Поврзани објави

Вести

Ангел Карапетров : Надминати правните прашања за капелата, до 1-ви септември очекуваме да почне со работа

08/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: Нашата заложба за модерно, европско Тетово нема да престане

08/08/2022
Вести

Одбележани 21 година од убиството на десет бранители кај Карпалак

08/08/2022
Вести

Осветен параклис посветен на Света Петка во Лешок

08/08/2022
Вести

СДСМ Тетово: Разговараме со граѓаните за подобрување на инфраструктуратa, празната реторика ја менуваме со вистиски дела

08/08/2022
Вести

Влатко Ѓорчев : Приемот меѓу луѓето е одличен, а тоа гарантира победнички резултат на ВМРО ДПМНЕ

08/08/2022
Следна објава

Тетовскиот градоначалник беше до планинската месност Лешница да провери како оди санацијата на водоводниот систем

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.