• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Поради заматеност не се препорачува да се пие водата во Тетово

Од Центарот за јавно здравје Тетово објаснуваат дека состојбата не е аларманта и дека по прекинување на врнежите се очекува стабилизирање на физичко-хемиските параметри.

11/01/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Центарот за јавно здравје Тетово препорачува водата од градскиот водовод да не се користи периодов поради појава на заматување предизвикано од интензивните врнежи од дожд. Објаснуваат дека состојбата не е аларманта и дека по прекинување на врнежите се очекува стабилизирање на физичко-хемиските параметри.

-Поради обилните дождови најверојатно дојде до пробив до извориштата на Шар Планина и дојде до заматување на водата за пиење во градскиот водовод на Тетово. Поради тоа не ја препорачуваме да се пие водата, односно препорачуваме да се користи флаширана вода или да се преврира 10 минути водата а потоа со ладење да се употребува и да се користи. Првичните резултати се во рамки на нормални вредности . Нивото на резидуален хлор е 0,2 милиграми на литар, така да препорачуваме да не се консумира додека не излеземе со конечните резултати. Што значи нивото на резидуален хлор, ни дава надеж дека нема да дојде до микробиолошко загадување и дека ова ќе биде едно транзиторно заматување на водата за пиење, изјави доктор Ратко Давидовски, специјалист по хигиена и здравствена екологија во Центар за јавно здравје.

Тетово во моментот се снабдување со вода од 4-ти извори на Шар Планина и ткн. стар водоснабдителен систем. Новиот систем која зема вода од планинските реки кај месноста Лешница веќе неколку дена е вон функција исто така поради заматување на водата и затоа што сензорите на филтер станицата не дозволуваат проток на водата.

Стариот систем од извориштата на Шар Планина денес има зголемена количина и доток на вода во мрежата од  310 литри вода во секунда, кои во саботата биле 150. Тоа е амплитуда која се случува оддеднаш и ради дождовите и ќе се намали, информира Љуљзим Шаќири од ЈКП Тетово.

Четирите извори од стариот систем се Уливерички извор, Вакуф, Попова Шапка и Драга вода.

 А.С

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Во Тетовско помалите реки се излеаа, Вардар и Пена на критично ниво

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.