• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 26 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Поранешниот тетовски градоначалник Сади Беџети повторно кандидат на ДПА

10/04/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Демократската партија на Албанците (ДПА) на прес-конференција го претстави Сади Беџети за кандидат за градоначалник на Тетово. Беџети беше градоначалник на Тетово од 2009 до 2013, исто така како кандидат на ДПА, па изгуби од Теута Арифи.

-Досега држев предавања како професор во Приштина и Тетово.  Го гледам градот во овие два мандати, јас изгубив, и сакам да пробам уште еднаш да видам дали е била вистинска таа победа на оваа градоначалничка што е сега, да видиме, да се бориме подобро да биде. Претпоставувам дека подобро сум работел од неа.  Треба повеќе да се ангажираме околу градот во Тетово, помошта да биде поголема од централната власт. Осум години ништо нема направено. Очекувам поддршка од граѓаните на Тетово, сите што ме сретнале ме бараат. Јас сум градски човек, и ми викаат сите и претседателот на ДПА ми предложи ајде уште еднаш да пробаме. Ова е локална власт поддршката е најглавна од граѓаните, рече Сади Беџети.

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи смета дека има простор Сади Беџети да добие поддршка од сите партии освен од ДУИ.

-Најголем град на Албанците не функционира ништо од култура па до паркинзи. Организиран криминал и овие градби не овозможуваат да имаме странски инвестиции. Беџети рече дека бил градоначалник, го знае градот, секое маало, ќе инсистира уште еднаш да се врати да се подобри начинот на живот во Тетово.   Кандидатот не е против никого туку за сите. Планот е да имаме поддршка од сите политички партии. Оваа е можеби единствената прес-конференција што ќе ја одржи заедно со ДПА. Од сите освен ДУИ, па мислам дека и Алијанса нема да има појак кандидат. Овој кандидат не е само на ДПА туку на граѓаните. Еднаш засекогаш градоначалниците да бидат добри менаџери, а не луѓе со партиски набој. Ќе инвестираме во самостојна кампања на Беџети, затоа што е човек што ги знае работите, истакна Тачи.

На прашање за можноста за отворени листи за избор на советници Тачи рече дека се согласува со таква опција.

-Мојот став е така да биде. Да има отворени листи мислам дека без предметно е дека со еден круг има да оневозможи гласање меѓуетнички. Некој се плаши од гласовите на Албанците каде Македонците се мнозинство. Има Албанци кои ќе гласаат за одреден кандидат Македонец и Македонци кои ќе гласат за Албанец. Луѓето не се толку неупатени како што сметаат некои политички лидери, рече Мендух Тачи.

Сади Беџети, кој е роден 1957 година, освен градоначалник на Тетово бил и ректор на Универзитетот во Тетово.

А.С

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 11 сопственици на возила за неисправности-сопирачки, неатестирани фолии,неисправни системи, вградени светлосни уреди и истечени сообраќајни дозволи

26/09/2023
Вести

Со промоција на видеозаписи и трибина за училишно насилство Црвен крст Тетово ја одбележа Неделата за Промоција на хумани вредности

26/09/2023
Вести

ЦЈЗ Тетово: Водата е исправна и безбедна за пиење

26/09/2023
Вести

КУД „Бранко Чајка“-Тетово во сабота со концерт и изложба одбележува 30 години јубилеј

26/09/2023
Вести

Во сообраќајка повредена 40 годишна жена, СВР Тетово бележи и пет приведувања по разни основи

25/09/2023
Вести

Вработените во тетовска Печатница Напредок бараат реакција од државата затоа што со години нередовно примаат плати и немаат здравствено осигурување

25/09/2023
Следна објава
МВР

Приведени двајца од Порој поради движење во време на полициски час

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!