• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 24 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Порано произведувале, сега купуваат увозен грав-климатските промени го уништуваат гравот тетовец

26/09/2021
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Секоја година се помалку грав тетовец може да се најде во автохтоното тетовско подрачје бидејќи земјоделците немаат род од оваа култура. Како причини ги наведуваат високите температури поради кои нема принос на тетовските ниви, а воедно како неуспешна ја оценуваат борбата со штетните инсекти кои го напаѓаат плодот.

Благоја Котески од тетовското село Доброште е меѓу оние кои веќе неколку години не ни одгледува грав. Се одлучил на тој чекор бидејќи драстично бил намален родот на оваа култура.

-Се откажуваат луѓето, гравот е „оболен“ веќе. Не раѓа воопшто веќе. Завчера зборев со жилчани, грав кои работат. Водата им е блиску,нема вика, семето го нема што сме го посеале.
Јас до пред три години и пол години имав една нива од три и пол декари. Просек на декар било од 80 до 120 килограми. Максимално имало и до 150 килограми. Сум можел да најдам и до 300/400 килограми. Меѓутоа за жал сега климатските услови и особено високите температури, кои се несоодветни за гравот и пченката и за многу други земјоделски култури придонесуваат тие да не бидуваат, објаснува искусниот земјоделец.

Тој вели дека не помага ниту поинтензивното наводнување.

-Ние ги наводнуваме, коренот добива вода така како што треба, ама одозгора над земјата, на овие високи температури над 40 степени, одозгора надоле нема никаква влага и гравот се суши. Може и да не се суши, ја гледаш мешунката бела по боја и добра на изглед, но кога се отвора внатре грав нема.  Тоа значи дека не се ни раѓа или пак се суши зрното грав. Или пак може да има некои мали зрнца со големина како песок.  Чаре за ова нема. Сме пробале да прскаме со разни лекови за уништување на разни мушинки. Имало пример некои бубачки, инсекти, сме пробале со разни прскања со земјоделски лекови што се прскаат разни култури, за уништување на мушинки, но немало ефект, вели Благоја.

Котески потенцира дека земјоделците кои во тетовско гравот го засадуваат заедно со пченката се откажуваат и оваа култура.

-Така да ако пченка посадиш и не најдеш грав, ако пченката не е за сточна исхрана, џабе е нејзиното садење. Инаку само пченка да се сади нема сметка за тоа. 80 отсто од населението во Доброште не сади ни пченка ни грав. Воопшто се повеќе ги нема земјоделците, младите не сакаат да работат. Полето овде во тетовско во Доброште има над 1000 хектари плодно обработливо земјиште, а од нив само 50 хектари сега се обработува.  Другото е само ливади, лонџа, трња, зараснето и пусто нема ништо, а порано сме живееле од тоа, се потсетува 72 годишниот човек од Доброште.

Нашиот соговорник има три сина, но само едниот му помага во земјоделските работи. Другите двајца не ни живеат во Доброште. Тоа што младите лице не работат земјоделие според соговорникот е една од причините за девастација на оваа дејност. Затоа работите се менуваат.

-Пред три и пол години кога видовме дека нема веќе добар род од гравот, започнавме со одгледување на лешници. Порентабилно е. Што и да излезе помалку има работа и така повеќе ќе извадам со лешникот отколку со гравот и пченката.  Пченката најмалку пет треба да се вади, два пати да се копа, да се прска, многу работа. И гравот да го прскаш. Ако грав нема во пченка да набереш да продадеш, да го извадиш трошокот од пченката, од орање, од вадење, џабе е пченката, десет до 12 денари е килограм пченка. Лешникот каде каде помалку работа, со една бразда, со вода од планина што тече, не ми треба ни систем капка по капка, се е природно, вода од планина, многу сум задоволен, од 4-5 година треба да има и род за продавање.  Со лешникот нема толку работа, трошкови, а и нема кој да работи. Младите побегнаа, од трите сина само едниот е во село со куќа ама никој не работи земјоделие, раскажува Благоја Котески.

Тој сега нема грав ниту за него дома. Принуден е да набави во продавница.

-Немам ништо грав, купувам. Цело село, не само јас и тие што посадиле немаат па купуваат од продавници увозен. На пазар не можеш да најдеш. По пријатели сум прашувал нема ниедно село грав доволно, вели Благоја.

И на тетовскиот пазар овој период кога завршува бербата на гравот тешко се наоѓа оваа култура. Таму каде што има се продава и за повеќе од 300 денари од новата реколта, додека ланскиот може да се купи и за 150 денари.

Стручните лица од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, подрачна единица Тетово објаснуваат дека во време на цветањето доколку се појават високи температури и слаба релативна влажност доаѓа до отфрлање на цветот и последица да не врзе односно да не плодоноси гравот. Исто така потенцираат дека во тој дел од процесот на одгледување на гравот, земјоделците немаат можност директно да влијаат, туку зависат од временските пригоди.

И стручните лица и прозиводителите вела дека површините се намалуваат и поради немањето организиран откуп на гравот како на пример со праските. Земјоделците претежно гравот го продаваат на зелените пазари, а само ретки одгледувачи успеваат да пласира поголемо производство во странство.

Гравот се сее кон крајот на април и почетокот на мај, а се бере почнувајќи од последните денови на август но и во текот на септември.

Гравот тетовец е препознатлив дека по варењето ја задржува компактноста па лушпата малку се одделува од зрното. Заштитен е во Државниот завод за индустриска сопственост со неговото географско потекло и карактеристики.

Александар Самарџиев

Поврзани објави

Теми и интервјуа

Шокантно сведоштво на тетовчанката Елизабета: На плоштад трчав и викав за да се спасам од напад на бездомни кучиња

20/03/2023
Теми и интервјуа

Сé повеќе деца стануваат насилници-промената може да се направи само дома, препорачуваат психолозите

20/03/2023
Теми и интервјуа

Александар Стојановски-Цули за искуството во турскиот град Адијаман : Град разрушен од земјотрес, нема боја, ние сочувствуваме со нивната болка, тие со нашиот предизвик

02/03/2023
Теми и интервјуа

Александар поради цистична фиброза нема редовна настава, со планинарење се бори за подобар живот

04/02/2023
Вести

Жителите на Тетово бараат трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња

18/01/2023
Теми и интервјуа

Евентуалната дислокација на објектите ќе предизвика хаос со игрите на среќа

02/01/2023
Следна објава
Тетово Инфо лого

Ценовник за платено политичко рекламирање на учесниците во изборниот процес

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.