• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Поставена информативна табла на кулата на Титов врв

Таблата ја поставија членовите на планинарскиот клуб „Аргентус Моунт“ од Тетово, а на неа го пишува името на врвот и надморската височина.

16/11/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На планинарската кула на највисокиот Титов врв на Шар Планина од овој викенд е поставена нова информативна табла.  Таблата ја поставија членовите на планинарскиот клуб „Аргентус Моунт“ од Тетово, а на неа го пишува името на врвот и надморската височина.

-Сметаме дека ќе биде искористена од планинарите и рекреативците кои се искачиле до тука и ќе сакаат да имаат спомен фотографија од врвот и кулата токму со ваква табла на која пишува дека станува збор за Титов врв и за 2747 метри надморска височина. Таблата е поставена со овластување на Федерацијата на планинарски спортови, а целосната изработка, транспорт и монтирање е дело на членовите на ПК „Аргентус Моунт“, изјави Зија Јонузовски, секретар во клубот.

Инаку веќе шест години траат постојаните напори и активности на планинарите од Аргентус Монт за кулата на Титов врв да има достоинствен лик и соодветна безбедност за престој во нејзината внатрешност. Од 2014 година кога всушност е оформен клубот започнува иницијативата и реализацијата на идејата да кулата која била била речиси пред распаѓање да се реконструира.

-На Кулата досега е извршена реконструкција на ѕидовите и бетонскиот покрив со современи хидроизолациони материјали, поставени се пластични прозорци и врата. Со метални греди и дрвен под е формиран еден кат во внатрешноста со што Кулата беше доведена во безбедна состојба за засолнување од невреме како и за ноќевање, објаснува Јонузовски, кој е еден од групата планинари кои редовно учествувале на овие акции.

Во текот на 2020 транспортирани, кроени и монтирани се две дрвени трпезариски маси во Кулата и една метална маса.  Поставени се два соларни панели и рефлектори со фото ќелија за осветлување на внатрешноста на Кулата. Карактеристика на овие акции е што планинарите голем дел од материјалите ги носеа на раце. Кулата на Титов врв е изградена во 1956 година по две години работа .

 А.С

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Расветлени 12 тешки кражби, осомничени пет лица

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.