• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 29 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Поставени грпки од плочки на „Индустриска улица“, општината смета дека ќе придонесе за поголема безбедност на пешаците

08/02/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општина Тетово постави грпки (ткн. лежечки полицајци) од плочки на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ попознат како „Индустриска улица, а целта според нив е подобрување на безбедноста на пешаците и да се овозможи намалување на брзината на возилата на оваа делница.

Освен грпките кои се на преминот за спореден влез во ОУ „Кирил и Методиј“ започнати се активности за поставување на ограда на средината од булеварот која треба да спречи преминување на коловозните ленти вон пешачките премини.

-Ова се прави со цел да се спречат несреќи кои честопати го загрозуваат животот на граѓаните. Ова е транзитен пат, овој дел од градот е густо населен,а има многу деца кои следат настава во основното училиште „Кирил и Методиј“. Во текот на следната недела, ќе поставиме и дополнителна вертикална сигнализација, а ќе ги обележиме и пешачките премини, се вели во известувањето од општина Тетово.

На 13 јануари шест годишно девојче го загуби животот отакако беше удрено од возило на овој булевар, по што на 25 јануари беше организиран и јавен протест на жителите и граѓаните кои бараа преземање итни мерки за да се спречат идни несреќи и поголема полициска контрола на сообраќајот.

Според СВР Тетово, во текот на минатата, 2020 година, на улица „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово регистрирани се, односно се случиле вкупно 50 сообраќајни несреќи, од кои 30 со повредени лица и 20 само со причинета материјална штета. Оваа делница е магистрална улица затоа што претставува приклучок на неколку улици кои водат кон регионален пат.

А.С

Поврзани објави

Инфо компас

Повик од Општина Брвеница граѓаните да платат данок на имот

28/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Следна објава

Жител на Голема Речица приведен откако одбил да се легитимира

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.