• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
четврток, 22 април 2021
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Slide Slide
Home Вести

Поставен е 60 метарскиот цевковод, од денес се очекува нормализирање на водоснабдувањето во Тетово

03/03/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Вработените во тетовскиот водовод  завршија со поставувањето на новиот цевковод од 60 метри во мрежата на новиот водоснабдителен систем со што се очекува од денес да почне нормализирање на снабдувањето со вода во Тетово. Денес е деветтиот ден како во градот има недостиг на вода и рестрикции откако на 23 февруари беше утврдено уништување на 60 метри од цевкодовот од новиот водоснабдителен систем поради ерозија на земјиште во планинската месност Лешница.

-По поставувањето на цевководот во должина од 60м и големина од фи-500 пуштени се првите 50 литри како доток на вода од новиот водоснабдителен систем. Во наредните 20 часа постепено ќе се пуштаат и дополнителни количини вода со цел да не се преоптовари системот. Како што ќе пристигаат и зголемуваат количините вода во резервоарите и во мрежата ќе имаме основа и за намалување на рестрикциите. Очекуваме денес да биде укината рестрикцијата од 15 до 18 часот, изјави Љуљзим Шаќири, раководител на работната единица „Водовод и канализација“.

Градот поради дефектот се соочи со 150 литри помалку преку новиот водоснабдителен систем кој обезбедува водоснабдување од планинските реки.

-Овој водоснабдителен систем има и пречистителна станица, водата поминува преку соодветни филтри и безбедна и чиста стигнува до корисниците, објаснува Шаќири.

Поради проблемот во системот беа воведени рестрикции во водоснабдувањето од полноќ до пет часот, потоа од 08:30 до 11 часот и од 15 до 18 часот. 

А.С

Поврзани објави

Вести

Не може да влезе со возило во сопствениот двор-реконструираниот тротоар е поплочен повисоко од земјата

21/04/2021
Инфо компас

Книжарницата на тркала на „Антолог“ гостува во Тетово  

21/04/2021
Вести

СВР Тетово:Земјоделската механизација да биде технички исправна и соодветно осветлена навечер за да се избегнуваат сообраќајки

21/04/2021
Вести

Малолетници на 13, 14 и 17 години и странски државјани ноќеска приведени во полициски час

21/04/2021
Вести

Здружението за култура и уметност „Иљо Антески Смок“ од Тетово објави конкурс за најдобра необјавена песна

21/04/2021
Вести

Формиран нов велосипедски клуб „Феникс сајклинг тим“ – Тетово

21/04/2021
Следна објава

Не се одбележа општинскиот празник на Тетово, градоначалничката на увид на уредување градска населба

Tetovo, Macedonia
четврток, април 22, 2021
Cloudy
11 ° c
50%
4.35mh
-%
10 c 6 c
чет
7 c 3 c
пет
14 c 2 c
саб
15 c 1 c
нед

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2021 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2021 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!