• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 26 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Постојани варијации на бројките околу Ковид-19 изминативе десет месеци

Мора да се сфати сериозно затоа што зимата ќе трае и во јануари,февруар и март и не знаеме како ќе биде, изјави д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид центарот.

18/11/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во периодот од февруари до октомври, се бележат повеќе зголемувања и намалувања на  бројките на заболени и починати од Ковид-19, покажуваат податоците кои ги објави Центарот за јавно здравје Тетово. За овие девет месеци во октомври и јуни се бележат најголемиот број на заболени. Најмногу има 740 во октомври и 487 во шестиот месец од 2020 година.

Од друга страна, според податоците кои ги објавува Министерството за здравство за тетовскиот регион само во периодот од 1 до 15 ноември има 963 заболени лица, а 31 лице е починато.

Според бројките на ЦЈЗ Тетово во јуни се бележат најголемиот број на смртни случаи 34,  додека во октомври иако има најмногу заболени во тој деветмесечен период има 13 починати лица. Поголем број починати лица се бележат во јули кога има 17, и во мај кога има 15. Иако во август драстично се намалија бројките на заболени во споредба со јуни,  во септември имаше повеќе заболени.

Во Ковид-центарот во клиничката болница исто така велат дека иако од февруари до октомври има промени во бројките на лица кои имаат потреба за болничко лекување, сега во ноември има најмногу. Промените се и на неделно ниво.

-Овде исто така имало периоди кога имало различен број на пациенти, имало по 2-3, па имало 5, па еден. Сега имаме 44, а имаше 51 пред седум дена. Може да е затишје пред бура, но иако мислиме така,нека се случи да се намали бројот. Ако треба цела клиника ќе биде реорганизирана за да може целиот персонал да биде на помош на Ковид центарот. Ова што беше намалено, не го очекуваме. Многу влијае како народот ќе се однесува надвор. Мора да се сфати сериозно затоа што зимата ќе трае и во јануари,февруари и март и не знаеме како ќе биде, изјави д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид центарот.

Во текот на вчерашниот ден починале две лица во Ковид-19 центарот.

А.С

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 11 сопственици на возила за неисправности-сопирачки, неатестирани фолии,неисправни системи, вградени светлосни уреди и истечени сообраќајни дозволи

26/09/2023
Вести

Со промоција на видеозаписи и трибина за училишно насилство Црвен крст Тетово ја одбележа Неделата за Промоција на хумани вредности

26/09/2023
Вести

ЦЈЗ Тетово: Водата е исправна и безбедна за пиење

26/09/2023
Вести

КУД „Бранко Чајка“-Тетово во сабота со концерт и изложба одбележува 30 години јубилеј

26/09/2023
Вести

Во сообраќајка повредена 40 годишна жена, СВР Тетово бележи и пет приведувања по разни основи

25/09/2023
Вести

Вработените во тетовска Печатница Напредок бараат реакција од државата затоа што со години нередовно примаат плати и немаат здравствено осигурување

25/09/2023
Следна објава
суд

Со оглас ќе се избира нов државен правобранител за подрачјето на Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!