Единствената црква во тетовско Радиовце има потреба од обнова на иконостасот и внатрешноста кои се оштетени поради влијание на надворешните временски услови и појава на влага во објектот. Поради тоа црковниот одбор со апел до верниците да донираат средства со кои ќе се помогне во обнова и одржување на црквата Свети Атанасиј Велики во Радиовце.
-Покренуваме иницијатива за донирање средства од физички и правни лица кои ќе бидат наменети за доградба на недоградена инфраструктура, опрема, дворно уредување и реставрирање на внатрешноста на црквата. Поради тоа замолуваме, согласно можностите и желбите за донирање на средства за нашиот храм. Материјалните и паричните средства се добредојдени од секој и во секое време. Поради неможност за отворање на банкарска трансакциска сметка, паричните средства се доставуваат до тринаесетчлениот црковен одбор на село Радиовце, а материјалните срества се собираат во кругот на црквата Свети Атанасиј Велики, истакна Тони Стојановски, претседател на црковниот одбор.
Црквата е почната да се гради во 1917 година, а завршена 1919. Во периодот околу 1919 година, Крсте Николов Колоски заедно со син му Рафаил-Рафе и со Митре Донески од Лазарополе ја живописуваат црквата. Околу 2000 година целосно обновена е фасадата и покривот освен куполите. Внатрешно е целосно поплочена со мермер.
Покрај црковниот храм има и помошни објекти-кујна и трпезаријата, камбанарија од над 10 метри. Во дворот на црквата има и базен, во кој на Богојавление се фрла крстот.
Контакт со црковниот одбор – Тони Стојаноски 078-337-222
sv.atanasijveliki@gmail.com