Десет пациенти болни од Ковид 19 починале за изминатите 24 часа во тетовската болница, информира координаторот во Ковид центарот Гзим Нуредини.
-Бројката на лица кои барале преглед или контрола 245 луѓе. Примени се 18 луѓе на болничко лекување. Вкупно на лекување има 120 луѓе од кои 118 се на кислородна поддршка, информира докторот.
Од хоспитализираните 120 луѓе, девет имаат примено една вакцина, а тројца пациенти двете дози.
А.С