На 42 години почина Небојша Трпковски, директор на државно средно училиште – Регионален центар за стручно образование и обука “Моша Пијаде”-Тетово.
-Со огромно жалење ја објавуваме веста за прераната смрт на нашиот ценет и почитуван Директор.Изгубивме голем човек. Нека почива во мир.Погребот ќе се одржи денеска, објавија денес од училиштето.
Како директор Небојша Трпковски го спроведе процесот на преминување на училиштето во регионален центар.
-Денес се збогуваме од нашиот драг колега Небојша. Неуморно работеше во ребрандирање на училиштето е нејзино претворање во регионален центар. Неговите дела ќе живеат засекогаш. Почивај во мир директоре, напиша на социјалната мрежа Фејсбук, Ахмед Ќазими, раководител на секторот за образование и јавни дејности при општина Тетово.